Света Софиja (; ; ), официјално позната како Голема џамија „Света Софија“ (, آياصوفيا  كبير جامع  شريف), а порано како Црква „Света Софија“ (; ; ) и како музеј () — поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, подоцна во музеј, а денес повторно се користи како џамија. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот кога била изградена, односно во 4 век, до 1453 година служела како византиска катедрала на Цариград, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од страна на крстоносците и основањето на Латинското Царство. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1 февруари 1935 до 2020 година претставувала музеј.Магдалино, Павел. "Истанбул: градби, Света Софија". Oxford Art Online. http://www.oxfordartonline.com. 28 февруари 2010 година Во јули 2020 година повторно била претворена во џамија.И.М.. „Света Софија во Истанбул ќе биде џамија “. МИА. 10 јули 2020.

Црквата е посветена на Логосот, второто лице на Света ТроицаJanin (1953), стр. 471. и својот празник го има на 25 декември, на годишнината од раѓањето на Исус Христос. И покрај тоа што понекогаш објектот се нарекува Санкта Софија, како што во времето се нарекувала, Софија е фонетски правопис на грчкиот збор кој во превод означува мудрост. Така, целосното име на објектот на грчки е: Ναός τῆς Ἁγίας τοῦ Θεοῦ Σοφίας или во превод Црква на светата божја мудрост. Името „Софија“ не е поврзано со маченичката Софија.

Градбата е позната по својата голема купола, која се смета дека е олицетворение на византиската архитектура и дека ја променила историјата на архитектурата. Оваа катедрала била најголема во светот речиси илјада години, со изградбата на катедралата во Севиља во 1520 година. Сегашната зграда првично била изградена како црква во периодот од 532 до 537 година, по наредба на византискиот цар Јустинијан I, и тоа на местото на поранешни две цркви кои биле разрушени и уништени. Градбата била дизајнирана од страна на грчките научници Исидор Милетски и Антимиј Тралски, познати во тоа време теоретичари во архитектурата и математиката.

Црквата содржи голема збирка на свети мошти, како и 49 метри сребрен иконостас. Објектот бил седиште на патријархот на Цариград и главна катедрала во православниот свет речиси илјада години. Во неа се случил итн. Голем раскол на црквата или Големиот раскол, кога кардиналот Хамберт во 1054 година бил екскомунициран од Михаил Керулариј.

Во 1453 година градот Цариград бил освоен од страна на Отоманците на чело со султанот Мехмед IIМилер-Винер (1977), p. 112., кој наредил градбата да биде претворена во џамија"Света Софија ." ArchNet., а седиштето на патријаршијата било префрлено во црквата „Свети Апостоли“. Иако некои делови од градот се распаднале, катедралата била одржувана со средства одвоени за оваа намена, а христијанската катедрала оставила силен впечаток кај новите отомански владетели кои ја замислиле нејзината пренамена"Света Софија ." ArchNet.. Сите ѕвона, иконостасот, олтарот и жртвеникот биле отстранети. Мозаиците на кои се претставени Исус, неговата мајка Марија, христијанските светци и ангелите на крајот биле уништени или покриени со малтерМилер-Винер (1977), p. 91.. Исламските одлики, како михраб, минбер и четирите минариња биле додадени во времето на Отоманското Царство. Речиси 500 години, таа служела како една од главните џамии во градот и послужила за модел на многу други отомански џамии, како на пример Ахмедовата џамија, Шехзаде, Руштем-пашината, Сулејмановата џамија и комплексот Килиџ Али-паша. Честопати, Света Софија се нарекува осмо светско чудо на античкиот свет.

Комплексот останал да се користи како џамија до 1931 година, кога бил затворен за јавноста четири години. Тој бил повторно отворен во 1935 година како музеј од страна на секуларната Република ТурцијаМагдалино, Пол и др. „Истанбул: Згради, Света Софија“ во Grove Art Online. Oxford Art Online. пристапено на 28 февруари 2010. Според податоците објавени од Министерството за култура и туризам, Света Софија била најпосетувана туристичка атракција во Турција во 2015 и 2019 година.

На почетокот на јули 2020 година, Државниот совет ја поништил одлуката на Кабинетот од 1934 година за основање на музејот, укинувајќи го статусот на споменикот, а последователниот декрет на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наредил преквалификација на Света Софија како џамија. Декретот од 1934 година бил прогласен за незаконски и според отоманскиот и турскиот закон бидејќи вакафот на Света Софија, даден од султанот Мехмед, го назначил местото за џамија; предлагачите на одлуката тврделе дека Света Софија е лична сопственост на султанот. Ова редизајнирање е контроверзно, предизвикувајќи осуда од турската опозиција, УНЕСКО, Светскиот совет на црквите, Меѓународната асоцијација за византиски студии и многу меѓународни лидери.

Историја

Црква на Констанциј II Првата црква била позната како „Голема црква“ (Μεγάλη Ἐκκλησία), или на латински јазик „Магна Еклезија“ (Megálē Ekklēsíā) Müller-Wiener (1977), p. 84., според своите поголеми димензии во споредба со останатите цркви во градот. Според Александриската хроника, таа била отворена на 15 февруари 360 година, во времето на римскиот цар Констанциј II, од страна на аријанскиот епископ Евдоксиј Антиохиски,Јанин (1953), стр. 472. и се наоѓала во непосредна близина на Царскиот дворец. Во нејзина близина била црквата Света Ирина, која претходно служела како катедрална црква. Така, неколку години двете цркви делувале заедно и претставувале главни цркви во Византија.

Според пишувањата на Сократ Схоластик од 440 година, црквата била довршена од страна на царот Констанциј II: „ја изгради Големата црква покрај онаа наречена Ирина, која бидејќи беше премала, таткото на царот [Константин] ја зголеми и разубави“. Според традицијата и верувањата кои датираат од 7 век или 8 век, христијанскиот храм бил изграден уште од времето на Константин Велики. Хесихиј Милетски напишал дека Константин ја изградил Света Софија со дрвен покрив и отстранил 427 (најчесто пагански) статуиPatria of Constantinople. Хроничарот од 12 век, Јоан Зонара, ги усогласува двете мислења, пишувајќи дека Констанциј ја санирал изградбата која била осветена од страна на Евсевиј Никомедиски откако самата градба пропаднала и се срушила. Според историските податоци, Евсевиј бил Цариградски патријарх од 339 до 341 година, а Константин Велики починал во 337 година, па според ова се смета дека е можно првата црква да била изградена токму во нивно време. Првиот храм претставувал традиционална латинска базилика и се смета дека била една од најистакнатите споменици од тоа време.

Блиската црква посветена на Света Ирина („Светиот мир“) била завршена порано и служела како катедрала додека не била завршена Големата црква. Покрај Света Ирина, нема податоци за големи цркви во центарот на градот пред крајот на 4 век. Ровланд Мејнстоун тврдел дека црквата од 4 век сè уште не била позната како Света Софија. Иако нејзиното име како „Големата црква“ имплицира дека била поголема од другите цариградски цркви, единствените други големи цркви од 4 век биле црквата Свети Мокиј, која се наоѓала надвор од Цариградските ѕидини и можеби била до гробиштата, како и црквата „Свети Апостоли“.

За самата црква е познато дека имала дрвен покрив, завеси, столбови и влез кој гледал кон запад. Веројатно имал нартекс и е опишан како облик на Римски циркус. Ова може да значи дека имала план во форма на латинската буква U, слично како базиликите изградени во истиот период во Рим. Меѓутоа, можеби била и поконвенционална трикорабна, четири или петкорабна базилика, можеби слична на првобитната црква на Светиот гроб во Ерусалим или на црквата на Исусовото раѓање во Витлеем. На зградата најверојатно и претходела атриум.

Според Кен Дарк и Јан Костенец, дополнителен остаток од базиликата од 4 век може да постои во ѕидовите западно од Јустинијановата црква. Горниот дел на ѕидот е изведен со тули со печати од 5 век, но долниот дел е изграден со тули типични за 4 век. Овој ѕид веројатно бил дел од пропилеумот на западниот дел и на Константиновата и на Теодосиевата Голема црква.

Објектот бил придружуван од крстилница и скеуофилакон. Хипогеј, можеби со мартириум над него, бил откриен пред 1946 година, а остатоците од ѕид од тули со траги од мермерна обвивка биле идентификувани во 2004 година. Хипогејот бил гроб кој можеби бил дел од црквата од 4 век или можеби бил од Византион. Според Паладиј, скеуофилаконот имал кружен план на подот, а бидејќи некои базилики во форма на буквата U во Рим биле погребни цркви со прицврстени кружни мавзолеи (Мавзолејот на Константина и Мавзолејот на Елена), можно е првично да имал погребален карактер, иако до 405 година неговата употреба се променила. Во еден документ, една жена наречена Ана ја донирала земјата на која била изградена црквата во замена за правото да биде погребана таму.

Ископувањата на западната страна на местото на првата црква под ѕидот на пропилеумот откриваат дека првата црква била изградена на пат широк околу 8 метри. Според раните извештаи, првата црква Света Софија била изградена на местото на антички пагански храм, иако нема артефакти што го потврдуваат тоа.

Цариградскиот патријарх Јован Златоуст дошол во конфликт со царицата Елија Евдоксија, сопруга на царот Аркадиј (383–408), и бил испратен во прогонство на 20 јуни 404 година. Во текот на следните немири, оваа прва црква во голема мера била запалена. Паладиј забележал дека скеуофилаконот од 4 век го преживеал пожарот. Според Дарк и Костенец, пожарот можеби ја зафатил само главната базилика, оставајќи ги непроменети околните помошни објекти.

Црква на Теодосиј II

За изградбата на втората црква било наредено од страна на царот Теодосиј II, кој ја отворил на 10 октомври 415 година. Notitia Urbis Constantinopolitanae, список на споменици од 5 век, ја именува Света Софија како Magna Ecclesia, „Голема црква“, додека поранешната катедрала Света Ирина се нарекува Ecclesia Antiqua, „Стара црква“. Во времето на Сократ Цариградски околу 440 година, „двете цркви [биле] оградени со еден ѕид и биле опслужувани од истото свештенство“. Така, комплексот би опфатил голема површина вклучувајќи ја и идната местоположба на болницата на Свети Сампсон. Доколку пожарот од 404 година ја уништил само главната базилика од 4 век, тогаш Теодосиевата базилика од 5 век можеби била опкружена со комплекс изграден првенствено во 4 век.

За време на владеењето на Теодосиј II, постарата сестра на царот, Августа Елија Пулхерија (р. 414–453) била предизвикана од патријархот Несториј (р. 10 април 428 – 22 јуни 431 година). Патријархот не дозволувал пристап на Августа до светилиштето на „Големата црква“, најверојатно на 15 април 428 година.Според анонимното Писмо до Козма, девицата, промотор на култот на Дева Марија која вообичаено се причестувала во Евхаристијата во светилиштето на претходниците на Несториј, барала право на влез поради нејзината еквивалентна положба на Богородица - Дева Марија. – „откако го роди Бога“. Нивните теолошки разлики биле дел од контроверзноста околу титулата „Богородица“ што резултирала со Соборот во Ефес и поттикнување на монофизитизмот и несторијанството, доктрина, која ја отфрла употребата на титулата. Пулхерија заедно со папата Целестин I и патријархот Кирил Александриски го собориле Несториј, по кое тој бил осуден на вселенскиот собор и прогонет.