Филип Дејвид Чарлс Колинс (; роден на 30 јануари 1951 г.) ― англиски пејач, тапанар, музичар, текстописец, музички продуцент и глумец. Познат е како пејач и тапанар на рок групата Genesis, но имал и успешна соло кариера. Од 1982 до 1990 година, како солист Колинс имал три песни на врвот на топ-листата во Велика Британија и седум песни во САД. Во целокупната негова кариера, како дел од Genesis, во соработка со други музичари и како солист, во текот на 1980-тите, имал најмногу песни кои се пласирале на американската топ 40 листа. Негови најуспешни песни од овој период се „In the Air Tonight“, „Against All Odds“, „One More Night“, „Another Day in Paradise“ и „I Wish It Would Rain Down“.

Роден е и детството го поминал во Западен Лондон. Фил Колинс почнал да свири на тапани на пет годишна возраст. Посетувал драмско училиште и уште како дете добил многу театарски улоги. Неговата прва позначајна улога била во мјузиклот Оливер! на тринаесет годишна возраст. Истовремено ја започнал и музичката кариера; во 1970 година станал тапанар на рок групата Genesis, а по заминувањето на Питер Гејбриел во 1975 година станал главен вокал на групата. Во 1980-те, Фил Колинс ја започнал својата успешна соло кариера.

Напишал и отпеал песни за Дизниевиот анимиран филм, Тарзан (1999): „Two Worlds“, „Son of Man“, „Strangers Like Me“ и „You'll Be in My Heart“, а за последната добил Оскар за најдобра оригинална песна. Во 2007 година, повторно се приклучил на Genesis за турнејата Turn It On Again. Во 2016 година објавил мемоари, а во 2019 ја завршил својата турнеја Not Dead Yet. Во 2020 година повторно се приклучил на Genesis на втора турнеја која завршила во март 2022 година.

Детство и младост Филип Дејвид Чарлс Колинс е роден на 30 јануари 1951 година во Вандсворт, југозападен Лондон. Татко му, Гревил Филип Остин Колинс (1907-1972), бил агент за осигурување во London Assurance, а мајка му Винифрд Џун Колинс (моминско Стрејнџ, 1913-2011), работела во продавница за играчки, а подоцна и како агент за резервации во уметничко училиште.

На петгодишна возраст, неговите родители му дале комплет тапани и тоа значело почеток на неговата музичка кариера. За време на семеен одмор во Батлин, седумгодишниот Колинс учествувал на натпревар за таленти и ја пеел „The Ballad of Davy Crockett“, но на пола песна го прекинал оркестарот за да им каже дека свират фалш. Врз музиката на Колинс огромно влијание имале Битлси, а особено нивниот тапанар Ринго Стар. Колинс, исто така, бил под влијание на џез тапанарот Бади Рич.

На дванаесетгодишна возраст, Колинс се запишал на часови по пијано и музика кај неговата тетка. Тој не научил да чита или пишува музичка нотација и смислил свој систем, за што зажалил во подоцнежниот живот. „Отсекогаш мислев дека ако можам нешто да потпевнувам, ќе можам и да го свирам. Сметав дека е задоволително, ама таквото мислење е лошо.“

Колинс бил примен во граматичко училиште во Чисвик, каде што ја формирал групата Real Thing, училишна група во која членувале неговата идна сопруга Андреа Берторели и неговата пријателка Лавинија Ланг, како придружни пејачи. Двете девојки, подоцна ќе имаат влијание врз личниот живот на Колинс. Следна група на Колинс била Freehold, во која ја напишал својата прва песна, „Lying, Crying, Dying“, а свирел и во групата Charge.

Кариера

1963-1970: Улоги како глумец и први групи Колинс бил статист во филмот на Битлси A Hard Day's Night (1964), каде што е меѓу тинејџерите кои врескаат за време на телевизиски концерти. Во 1964 година, Колинс бил избран да глуми во две серии од Вест Енд мјузиклот Оливер! Колинс глумел во „Calamity the Cow“ (1967), филм продуциран од Детската филмска фондација. По расправијата со режисерот, Колинс одлучил да се откаже од глумата и да се занимава со музика. Тој требало да се појави во Chitty Chitty Bang Bang (1968) како едно од децата кои влегуваат во замокот, но неговата сцена била пресечена. Колинс бил на аудиција за улогата на Ромео во Ромео и Јулија (1968), но улогата му припаднала на Леонард Вајтинг.

Додека се занимавал со глума, кај Колинс сѐ повеќе растел ентузијазмот кон музиката. По неуспешните аудиции за Вајнгар Џо и Манфред Ман, третото поглавје, Колинс се приклучил на групата „Cliff Charles Blues Band“. Потоа станал член на The Gladiators, а откако разбрал дека групата Yes бара нов тапанар, разговарал со фронтменот Џон Андерсон, кој следната недела го поканил на аудиција. Колинс не отишол на аудицијата.

Во мај 1970 година, Колинс свирел на конга за песната од Џорџ Харисон „Art of Dying“, но неговиот придонес не бил наведен на песната.

1970-1978: Genesis, фронтмен на групата Во јули 1970 година, рок групата Genesis потпишала договор со Charisma Records и го снимила нивниот втор албум Trespass (1970), но од групата си заминале тапанарот Џон Мејхју и гитаристот Ентони Филипс. Тие во Melody Maker објавиле оглас за тапанар „чувствителен на акустична музика“. [ "Genesis" Biography], Billboard. Колинс заедно со Керил отишле на аудицијата. Групата, која била основана пред помалку од една година, се состоела од негови пријатели приватен интернат: пејачот Питер Гејбриел, клавијатуристот Тони Бенкс и басистот/гитаристот Мајк Радерфорд. На 8 август 1970 година, Колинс станал нивниот четврти тапанар. Радерфорд сметал дека Керил не им одговара; во 1971 година, групата го ангажирала Стив Хакет.

Од 1970 до 1975 година, на албумите и на концертите од Genesis Колинс свирел на тапани, перкусии и претежно пеел придружни вокали. Негов прв албум како член на групата, Nursery Cryme, ја содржи песната „For Absent Friends“ на која Колинс го пее главниот вокал. Тој ја отпеал „More Fool Me“ на нивниот албум од 1973 година Selling England by the Pound.

Во август 1975 година, јавно било објавено дека Гејбриел си заминува од бендот. Genesis во Melody Maker објавил оглас за нов пејач и и добиле околу 400 апликации. По долгиот процес на аудиција, Колинс станал прв вокал на групата и потоа го снимиле албумот A Trick of the Tail. Албумот имал комерцијален и критички успех, и се искачил на трето место на топ листите во ОК и на 31 во САД. Ролинг Стоун напишал дека Genesis „успеа да ја претвори потенцијалната катастрофа од заминувањето на Габриел во нивниот прв американски успех“. Wind & Wuthering бил последниот албум на Genesis снимен со Хакет, по што тој ја напуштил групата. Во 1976 година, Колинс во групата го повикал американскиот тапанар Честер Томпсон, поранешен тапанар на Френк Запа и Weather Report, кој останал главен столб на придружните групи на Genesis и Колинс до 2010 година. Откако Колинс, Бенкс и Радерфорд решиле со Genesis да продолжат како трио, тие во 1977 година го снимиле албумот ...And Then There Were Three.... Овој албум ја означува новната промена од прогресивен рок кон поп-рок музика. На албумот била песната „Follow You Follow Me“, прва нивна песна во Топ 10 во Велика Британија и Топ 40 во САД.Roberts, David (2006).

1978-1984 –Прв солистички албум и Hello, I Must Be Going! Тој, исто така, стана познат по препознатливиот звук на тапан со затворен реверб на многу од неговите снимки. Во 1985 година, тој беше единствениот артист кој настапи на двата концерти на Live Aid . Тој, исто така, ја продолжи својата актерска кариера, појавувајќи се во Miami Vice и последователно глумејќи во филмот Бастер (1988). Во 1996 година, Колинс го напушти Genesis за да се фокусира на соло работа; ова вклучуваше пишување песни за Тарзан на Дизни (1999) за кој доби Оскар за најдобра оригинална песна за „ Ти ќе бидеш во моето срце “. Тој повторно се приклучи на Genesis за нивната турнеја Turn It On Again во 2007 година. По петгодишното пензионирање за да се фокусира на својот семеен живот, Колинс објави автобиографија во 2016 година и ја заврши својата турнеја Not Dead Yet во 2019 година. Потоа повторно се приклучи на Genesis во 2020 година за втора турнеја за обединување, која заврши во март 2022 година.

По завршувањето на турнејата на Genesis во декември 1978 година, групата заминала на пауза, а Колинс заминал за Ванкувер во обид да го спаси својот брак. Бракот пропаднал, неговата сопруга се вратила во Англија со нивните деца. Разводот бил финализиран во 1981 година. Бенкс и Радерфорд во меѓувреме ги снимиле своите први соло албуми. Потоа, Genesis го снимиле албумот Duke (1980).

Во февруари 1981 година, Колинс го издал својот прв соло албум, Face Value. Тој потпишал со Virgin Records и WEA за дистрибуција на албумот во САД. Основна тематика во неговиот прв албум бил неговиот развод и емотивните промени низ кои поминува. „In the Air Tonight“, водечкиот сингл од албумот, станал хит и стигнал до второ место на топ листите во Велика Британија. Песната е позната по ефектот на затворен амбиент кој Колинс го користи тапаните, техника развиена од Падгам кога работел како аранжер на песната на Габриел „Intruder“, на која Колинс свирел на тапани.

Hello, I Must Be Going (1982), No Jacket Required (1985) и . . . Но, сериозно (1989). Колинс стана, според зборовите на AllMusic, „еден од најуспешните поп и возрасни современи пејачи од 80-тите и пошироко“.

Вториот соло албум на Колинс, Hello, I Must Be Going!, бил објавен во ноември 1982 година. Неговите брачни проблеми повторно биле инспирација за неговите песни, како „I Don't Care Anymore“ и „Do You Know, Do You Care“. Албумот стигнал до второ место во ОК и 8мо во САД, каде што се продал во 3 милиони копии.Roberts, David (2006). Во мај 1983 година, Колинс, Бенкс и Радерфорд го снимиле истоимениот албум Genesis; нивната турнеја завршила со пет концерти во Бирмингем во февруари 1984 година. Последните концерти биле снимени и објавени како албум во живо,Genesis Live – The Mama Tour.

1984–1989: No Jacket Required и комерцијална сѐприсутност Колинс ја напишал и ја отпеал „Against All Odds“, главна нумера од истоимениот романтичниот филм. Објавена во февруари 1984 година, тоа била прва песна во неговата соло кариера која се искачила на прво место на Billboard Hot 100 листата; стигнала до второ место во ОК. Колинс добил Греми награда за најдобра машка поп вокална изведба. За песната, исто така,бил номиниран за Оскар за најдобра оригинална песна.

Третиот албум на Колинс, No Jacket Required, бил снимен во 1984 година и означува пресвртница во неговата музичка продукција. Тој отстапил од стихови за неговиот личен живот и напишал поведри и поигриви мелодии, како „Sussudio“, „One More Night“ и „Take Me Home“. На албумот како гости придружни вокали биле Стинг, Питер Габриел и Хелен Тери. No Jacket Required бил објавен во февруари 1985 година и имал огромен светски успех, искачувајќи се на прво место во неколку земји. „Sussudio“ и „One More Night“ се нашле на врвот на американската табела за синглови, а „Don't Lose My Number“ и „Take Me Home“ влегле во топ десет во САД. Албумот е најуспешен албум на Колинс во неговата кариера, продаден во преку 12 милиони примероци во САД и 1,9 милиони во Велика Британија.

No Jacket Required, на Колинс му ги донел првите две од шесте Брит награди; освоил награда за најдобар британски машки изведувач и најдобар британски албум. Колинс во 1985 година имал три песни на прво место во САД, најмногу таа година. No Jacket Required освоил три Греми награди вклучувајќи и албум на годината. лево|мини| На 13 јули 1985 година, Колинс свирел на Live Aid на стариот стадион Вембли ( слика на екстериерот) во Лондон, а подоцна истиот ден со авион отпатувал во Филаделфија за да свири на втората рунда од фестивалот.