Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2023 — 109. издание на велосипедската еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, која се одржала на 23 април 2020 година како 19. настан во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена од Ремко Евенепул втора година по ред откако нападнал сам во последните 40 километри.
Екипи
Бидејќи Лиеж-Бастоњ-Лиеж е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.
Поредок Завршен пласман
Преглед
Доста очекуваниот дуел помеѓу светскиот првак, Ремко Евенепул од Белгија и Словенецот Тадеј Погачар, победник на Амстел Голд Рејс и Флеш Валон, не се одржал бидејќи Погачар доживеал тежок пад рано на трката поради кој морал да се повлече. Погачар подоцна во денот бил опериран.
Во отсуство на Погачар, Евенепул веднаш станал неприкосновен фаворит со младиот Британец, победникот на Страде Бјанке 2023, Том Пидкок и ирскиот возач Бен Хили како најблиски соперници.
На Кот де ла Редут, Евенепул нападнал од седиште, одвојувајќи се од главната група и само Пидкок можел да го следи. Неколку километри подоцна, Евенепул забрзал повторно и го оставил Пидкок, со што последните 30 километри возел сам за победа. Пидкок се вратил и заедно со Хили и Сантјаго Буитраго се одржале пред остатокот од главната група до крајот на трката, со што Пидкок и Буитраго завршиле на подиумот пред Хили.
Список на учесници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лиеж-Бастоњ-Лиеж Категорија:Светска турнеја на UCI 2023 Категорија:Белгија во 2023 година