Монастирец — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на Граче.
Историја Монастирец било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители, заедно со тие од околните села, биле преселени во Епир. По триесет години некои од жителите се вратиле и го основале селото Граче.
Наводи
Категорија:Историски села во Нестрам