Закон за заштита на македонската национална чест ― краткотраен судски закон вметнат во Социјалистичка Република Македонија. Законот претежно се занимавал со предавници кои соработувале со непријателите за време на народноослободителната војна. Заедно со законот се формирало исклучителен суд во Скопје. Судот бил предводен од страна на македонскиот политичар Лазар Мојсов. Законот заедно со судот се сметаат како основи на современиот правосуден систем во Република Македонија. Создаден и воведен на 30 декември 1944 година за време на второто заседание на АСНОМ.ЗАКОН ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ од УДБАмкд Брзо било укинато на 1 јули 1945 година.Служебен весник на Федералната Единица Македонија во демократска и федеративна Југославија, Број 12, Година I
Во Бугарија, особено меѓу бугарската историографија, законот е намерно претставен како алатка за репресијата врз Македонските Бугари како дел од нивната пропаганда. Во бугарски медиуми проценки за жртвите под овој закон се околу 100.000. Оваа бројка е далеку од вистината. Според Ставре Џиков, жртва под овој закон, само 1.500 лица биле во некој вид казнети под овој закон.весник Македонско сонце (10 Јуни 2005) Ставре Џиков Слична бројка е спомната во Македонската енциклопедија уредена од Блаже Ристовски.СУД ЗА СУДЕЊЕ ДЕЛ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ Додека пак некои бугарски историчари, како Стефан Дечев, сметаат дека судот бил повеќе насочен кон Македонци отколку Бугари. Во еден интервју Дечев тврди дека општоприфатената бројка во Бугарија е безсмислена.За Коминтерна и Македония. Така е, но не точно (2020) од Стефан Дечев
Историја
После народноослободителната војна нова геополитичка единица била формирана, Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Во нејзин состав влегле шест држави и две автономни територии — Војводина и Косово. Во Македонија нова социјалистичка власт била формирана под раководство на Президиумот на АСНОМ. Со новата влада морало да се формираат нови државни органи. За време на второто заседание на АСНОМ темелите за законот биле поставени но не било целосно вметнато. Во третото заседание на АСНОМ одржано во Скопје меѓу 14 и 16 април 1945 година законот бил примен.ПРИЛОГ КОН РАБОТАТА НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ МЕЃУ ВТОРОТО И ТРЕТОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ (ОД 1. I. ДО 15. IV. 1945) (1975) од Миле Тодоровски, страна 57 За време на седницата Лазар Мојсов го потсетил тогашниот претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто за законот. Ченто побарал од Президиумот да потврдат дали сакале да го подржат законот или не. Според бројот на гласачи законот бил примен и утврден во новиот устав. Податоците од седницата подоцна биле објавени во државниот весник.
Судот и законот отпрвин бил употребуван против тие кои соработувале со бугарската и подоцна германска фашистичка окупација и кон тие што соработувале со Албанија. Но постепено судот се претвори во алатка од комунистичката власт да ги осуди тие кои сакале независна македонска држава во кој што биле припоени егејскиот и пиринскиот дел. Овие личности биле обележани со поимот „бугараш“. Во некои медиуми грешно е наведено дека Методија Андонов Ченто, Димитар Ѓузелев и Димитар Чкатров биле осудени според законот на македонска чест, но овие претпоставки се грешни. Андонов, Ѓузелев и Чкатров биле осудени од народниот суд — орган во правосудството неповрзан со судот на македонската чест. Во суштина судот за заштита на македонската национална чест било најмоќниот правосуден орган во државата.ПОЛИТИЧКИТЕ ПРИЛИКИ ЗА ВРЕМЕ НА ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА НАРОДНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА (1959) од Виолета Ачковска, страна 241 Голем дел од судските процеси биле монтирани. Според синот на Методија Андонов-Ченто, законот бил формиран под наредба од Едвард Кардељ со намера да го надуе бројот на македонски жртви после Втората светска војна.Мојот Татко - Методија Андониов-Ченто (1999) од Илија Андонова-Ченто, страна 281
Вметнување на законот и нејзиното укинување Весникот „Нова Македонија“ го објави новиот закон на 3 јануари 1945 година. Новиот закон можело да додели различни видови на казни врз осудениот. Покрај тоа што наведуваат во бугарски медиуми, не можело да се добие смртна казна од законот ниту ни прогонство. Законот можело да го казни виновникот на три различни начини: загуба на националниот чест, понудени работи и позајмување на имотот. Загуба на национална чест може да се толкува во различни начини поради тоа што значењето на „национален чест“ се менувало редовно во југословенскиот и подоцна македонскиот устав. Во суштина загуба на национална чест е загуба на одредени права и одлики што го имаат секојдневниот работник. Со понудена работа морало да се работи во одредена струка, најчесто градежништво, без некаква плата. Последното и најупотребено е позајмување на имотот, најчесто било одземено дел од имотот кои го добиле за време на Втората светска војна под фашистичка окупација.Значаен исчекор кон македонската државност(2022)
Посебно значајна улога одигра судот за судење на престапите против македонската национална чест, кој судеше во седиштата на обласниот, односно окружниот народно-слободителен одбор, во денови претходно определени. Судењата ги спроведуваше совет од петтмина избран од територијата на округот каде шо се суди. Претседателот на судот го определувал составот на советот, во зависност од карактерот на престапот. Со оглед дека судиите на судскиот совет по правило се бирани од редот на неправниците, секој судски совет имал секретар кој го поставува президиумот на народното собрание на Македонија. Секретарот го води записникот на судската расправа, во изготвувањето на судските одлуки му помага на судиите и ги врши административните работи под надзор на претседателот на советот.
Список на осудени Список на личности осудени од законот според службениот весник на СР Македонија. Список на осудениИме и презимеРодно местоДатум на осудувањеКазнаНаводДодаток1Зафир Стефанов ЏиковСкопје23-24 април 19458 години загуба на национална чест, 2 години на понудена работа и целосно позајмување на имототСлужебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (1 март 1946)Во 6 август 1947 сите осудени граѓани од законот за заштита на македонската чест биле помилувани со тешка работа2Тодор Славков Бербулов27 април 194510 години загуба на национална чест, 5 години на тешка работа и целосно позајмување на имототСлужебен Весник на Федеративна Македонија (ноември 27 1945)3Георги Панков Димитриев17-18 мај 194510 години загуба на национална чест, 7 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот4Никола Мишев Шекеринов8 години загуба на национална чест, 4 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот5Димитар Божинов Рибаров5 години на загуба на национална чест и целосно позајмување на имотот6Крум Димитров БабамовШтип8 години загуба на национална чест, 5 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот7Димитар Х. ТомовСкопје7 години загуба на национална чест, 3 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот8Иван РалевГевгелија23 мај 19452 години на загуба на национална чест и целосна конфискација9Тодор А. Петров5 години загуба на национална чест, 2 години на работа и целосно позајмување на имототСлужебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (12 март 1946)10Димитар Г. Старделев6 години загуба на национална чест, 3 години на работа и целосно позајмување на имотот11Мито А. Попов4 години загуба на национална чест, 1 години на работа и целосно позајмување на имотот12Павле Васев ГеоргиевСкопје26 мај 194510 години загуба на национална чест, 3 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот13Панче Крстев Грозданов8 години загуба на национална чест, 3 години на работа и целосно позајмување на имототСлужебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (15 март 1946)14Димитар Давидов8 јуни 1945животно загуба на национална чест, 10 години на тешка работа и целосно позајмување на имототСлужбен Весник на Федерална Македонија (декември 9 1945)15Маноил Стојанов16Васил А. МанушевКуманово1 јули 19454 години загуба на национална чест, 1 години на тешка работа и целосно позајмување на имототСлужебен Весник на Федеративна Македонија (октомври 29 1945)17Кирил Крстев Атанасов3 години загуба на национална чест, шест месеци на тешка работа и целосно позајмување на имотот18Тодор Пановски2 години на загуба на национална чест и конфискација на домот19Славко Масевски5 години на загуба на национална чест20Славко СотировскиГостивар2-4 јули 1945Непознато20Нико ГоговТетово21Мато Симов22Драго Геров23Никофор Коцев ТалагановСкопје12 јануари 19468 години на загуба на национална чест и 4 години на тешка работаСлужебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (5 февруари 1946)24Андреј Алексов Михајлов15 години на загуба на национална чест и 8 години на тешка работа25Ферхад Бег Драгацелосно позајмување на имотот26Иван Анте Петров 27Никола Андоновживотно загуба на национална чест, 10 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот28Лазар Георгиев - Крајничанец20 години загуба на национална чест, 7 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот29Љуба Димитријев Љубисављевиќ 8 години загуба на национална чест, 6 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот30Димитар Христов Железаров 6 години загуба на национална чест, 2 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот32Асен ТатарчевРесенНепознато10 години загуба на национална чест, 10 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот33Владамир В. ТуџаровскиБитолаживотно загуба на национална чест, 15 години на тешка работа и целосно позајмување на имотот34Милчо Георгиев СтојановСтрумицаКонфискација на имотСлужебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (12 февруари 1946)35Никола Колчо Нанов5 години загуба на национална чест, принуда на тешка работа и целосно позајмување на имотот
Наводи
Категорија:Поранешни закони во Македонија Категорија:Социјалистичка Република Македонија Категорија:Политички репресии во комунистичка Југославија Категорија:Појавено во 1946 година во Македонија