Лидија (Лидиски:𐤮𐤱𐤠𐤭𐤣𐤠, Śfarda; арамејски: Lydia; , Lȳdíā; ) ― древно кралство од железното време во западниот дел од Мала Азија кое се наоѓало источно од античка Јонија, односно во денешните турски покраини Ушак, Маниса и средишниот дел од Измир. Жителите од ова кралство биле познати како Лидијци и зборувале лидиски јазик, дел од анадолската гранка од семејството на индоевропски јазици. Главен град на Лидија бил Сард.Rhodes, P.J. A History of the Classical Greek World 478–323 BC. 2nd edition. Chichester: Wiley-Blackwell, 2010, p. 6.
Кралството Лидија постоело од околу 1200 г.п.н.е. до 546 г.п.н.е. Во текот на VII век п.н.е., кралството зафаќало најголема територија и ја покривала цела западна Анадолија. Во 546 г.п.н.е., Лидија станала провинција на Ахеменидското Персиско Царство, позната како Лидиски Сатрап или Спарда на староперсиски. Во 133 г.п.н.е., таа станала дел од римската провинција Азија.
Лидиските сребрени монети се меѓу најстарите досега пронајдени монети и датираат од околу VII век п.н.е."Lydia" in Oxford Dictionary of English. Oxford University Press, 2010. Oxford Reference Online. 14 October 2011.
Дефинирање на Лидија лево|мини| Храмот на Артемида во Сард . лево|мини| Синагога во Сард Ендонимот Śfard (името со кое Лидијците се нарекувале себеси) е напишан на двојазичните и тријазичните записи вклесани во камен од Ахеменидското Царство: сатрапијата Спарда (стар персиски), Сапарда, вавилонски Сапарду, еламитски Ишбарда, хебрејски ʃˈfarˌɛd]. Името се поврзува со Сард, главен град на кралот Гигес, изграден во текот на 7 век п.н.е. Хетон од Корика (во Цветот на историјата од истокот) Лидија ја нарекува под името Киситан.
Во текот на 15-14 век п.н.е. територијата на Лидиското Кралство била дел од кралството Арзава. Сепак, лидискиот јазик обично не е категоризиран како дел од лувичката подгрупа, за разлика од другите блиски анадолски јазици лувиски, кариски и ликиски.I. Yakubovich, Sociolinguistics of the Luvian Language, Leiden: Brill, 2010, p. 6 мини| Портрет на Крез, последниот крал на Лидија, атичка црвена амфора, насликана околу. 500–490 г.п.н.е. лево|мини| Триполи на Меандер бил антички лидиски град во денешна Турција.
Географија Границите на Древна Лидија се менувале низ вековите. Прво се граничела со Мизија, Карија, Фригија и крајбрежниот дел од Јонија. Подоцна, Алијат и Крез територијално ја прошириле Лидија, која, со главен град Сард, ја зафаќала цела Мала Азија западно од реката Халис, освен Ликија. По персиското освојување, реката Мендерес се сметала за нејзина јужна граница, а за време на царското римско време Лидија ја зафаќала територијата меѓу Мизија и Карија од една страна и Фригија и Егејско Море од друга страна.
Јазик Лидискиот јазик бил индоевропски јазик во семејството на анадолски јазици, поврзан со лувискиот и хетитскиот. Поради фрагментираноста на достапните извори за него, значењата на многу зборови се непознати, но утврден е значителен дел од неговата граматика. Како и другите анадолски јазици, тој се одликувал со честа употреба на префикси и граматички честички за поврзување на клаузули. Лидискиот, исто така, претрпел обемна синкопација, што довело до појава на многу групи на согласки нетипични за повеќето индоевропски јазици. Лидискиот јазик изумрел во текот на 1 век п.н.е.
Историја
Рана историја: Мејонија и Лидија Лидија се развила по падот на Хетитското Царство во 12 век п.н.е. За време на Хетитите, регионот бил нарекуван Арзава. Според грчки извор, првобитно име на Лидиското Кралство било Мајонија (Μαιονία), или Меонија: Хомер (Илијада II. 865; т. 43, xi. 431) жителите на Лидија ги нарекува Мајонци (Μαίονες). Хомер нивниот главен град го нарекува не како Сард, туку како Хајд (Илијада xx. 385); Хајд можеби било името на областа во која се наоѓал Сард.See Strabo xiii.626. Подоцна, Херодот (Истории i. 7) додава дека „Мејонците“ биле преименувани во Лидијци по нивниот крал Лид (Λυδός), син на Атис, за време на митската епоха која ѝ претходела на династијата Хераклеиди. Хебрејскиот термин за Лидијците, Lûḏîm (לודים), кој може да се најде во Книгата на Еремија (46.9), исто така се смета дека (почнувајќи од Јосиф Флавиј) е изведен од Луд, син на Сем; сепак, Иполит Римски (234 н.е.) понудил алтернативно мислење дека Лидијците потекнуваат од Лудим, син на Мизраим. Во библиските времиња, лидиските воини биле познати стрелци.
Во грчката митологија За лидиската митологија не се знае речиси ништо, а нивните пишани документи и ритуали се изгубени поради отсуството на споменици или археолошки наоѓалишта со обемни натписи; затоа митовите за Лидија претежно се од грчката митологија
Според грчката митологија, Тантал бил исконски владетел на митската Лидија. Неговата ќерка Ниоба се омажила со тебанскиот крал Амфион; така Лидија се поврзала со Теба во Грција. Преку Пелопс лозата на Тантал била дел од втората династија на Микена. мини| Реката Пактол, од која Лидија добивала електрум, легура на сребро и злато. Лидија го усвоила и симболот со двојна секира, кој исто така се појавува во микенската цивилизација.Sources noted in Karl Kerenyi, The Heroes of the Greeks 1959, p. 192. Омфала, ќерка на реката Јардан, била кралица на Лидија; неа требало одредено време да ѝ служи Херакле. Неговите авантури во Лидија се авантури на јунак во туѓа земја: за време на неговиот престој Херакле ги поробил Итоните; го убил Силеј, кој ги принудувал минувачите да му го копаат лозјето; ја убил змијата на реката Сангариј (која на небото се појавува како соѕвездието Змијоносец)Hyginus, Astronomica ii.14. и ги заробил симиските измамници, Церкопите. Според преданијата Херакле имал барем еден син со Омфала или со робинка; Херодот (Истории i. 7) вели дека тоа бил Алкеј кој ја започнал лидиската династија Хераклеиди која завршила по смртта на Кандаул о. 687 г.п.н.е. Диодор Сицилиски (4.31.8) и Овидиј (Хероиди 9.54) споменуваат син наречен Лам, Аполодор (Библиотека 2.7.8) го дава името Агелај, а Павзаниј (2.21.3) го именува Тирсен како син на Херакле со „ Лидијка“. Сите тие укажуваат на лидиска династија која потекнува од Херакле. Херодот (1.7) се повикува на Хераклидската династија на кралеви кои владееле со Лидија, но можеби не потекнувале од Омфала. Тој исто така ја споменува (1.94) легендата дека етрурската цивилизација била основана од колонисти од Лидија предводени од Тирен, брат на Лид. Дионисиј од Халикарнас бил скептичен за оваа приказна, затоа што етрурскиот јазик и обичаите биле сосема различни од оние на Лидијците. Освен тоа, приказната за „лидиско“ потекло на Етрурците не му била позната на Ксант од Лидија, авторитет за историјата на Лидијците.Robert Drews, Herodotus 1.94, the Drought Ca. 1200 B.C., and the Origin of the Etruscans, in Historia: Zeitschrift Für Alte Geschichte, vol. 41, no. 1, 1992, pp. 14–39.
Подоцнежните хронолози го занемариле пишувањето на Херодот дека Агрон бил прв Хераклид кој станал крал и во нивната листа на кралеви на Лидија ги вклучуваат неговите непосредни предци Алкеј, Бел и Нин. Страбон (5.2.2) го именува Атис, татко на Лид и Тирен, како син на Херакле и Омфала, но тоа е во спротивност со скоро сите други записи кои ги именуваат Атис, Лид и Тирен меѓу пред-Хераклидските кралеви и принцови на Лидија. Според преданијата, златото во реката Пактол, кои биле извор на огромното богатство на Крез (последниот крал на Лидија), било оставено таму кога легендарниот крал Мида од Фригија го измил „мидиевиот допир“ во нејзините води. Во трагедијата од Еврипид „Бахки“, Дионис, додека на себе има човечка маска, изјавува дека негова земја е Лидија.Euripides. The Complete Greek Tragedies Vol IV., Ed by Grene and Lattimore, line 463
Први кованици мини|Лидиска монета од електрум од почетокот на 6 век п.н.е.(деноминирана на една третина статер). Според Херодот, Лидијците биле први луѓе кои користеле златни и сребрени монети и први кои основале продавници за малопродажба на постојани локации.Herodotus. Histories, I, 94. Меѓутоа, не е познато дали Херодот сакал да каже дека Лидијците биле првите кои користеле монети од чисто злато и чисто сребро или воопшто првите монети од благородни метали. И покрај оваа двосмисленост, оваа изјава на Херодот е еден од доказите кои најчесто се наведуваат за поткрепа на аргументот дека Лидијците го измислиле ковањето монети, барем на Запад, иако првите монети (за време на Алјат I, владеел околу 591 -560 г.п.н.е.) не биле ниту златни ниту сребрени, туку од легура од двата метала наречена електрум.Carradice and Price, Coinage in the Greek World, Seaby, London, 1988, p. 24.
Од кога потекнуваат овие први ковани монети е една од најчесто дебатираните теми за античката нумизматика,N. Cahill and J. Kroll, "New Archaic Coin Finds at Sardis," American Journal of Archaeology, Vol. 109, No. 4 (October 2005), p. 613. и временскиот период се движи од 700 г.п.н.е. до 550 г.п.н.е., но најчесто е мислењето дека биле ковани за време или непосредно пред почетокот на владеењето. на кралот Алијат.A. Ramage, "Golden Sardis," King Croesus' Gold: Excavations at Sardis and the History of Gold Refining, edited by A. Ramage and P. Craddock, Harvard University Press, Cambridge, 2000, p. 18. Првите монети биле изработени од електрум, природна легура на злато и сребро, но на која Лидијците ѝ додавале сребро и бакар.M. Cowell and K. Hyne, "Scientific Examination of the Lydian Precious Metal Coinages," King Croesus' Gold: Excavations at Sardis and the History of Gold Refining, Harvard University Press, Cambridge, 2000, pp. 169–174.
Крез (владеел околу 560 -.546 г.п.н.е.) се смета дека располагал со големо богатство. Крез издавал Крезиди, први вистински златници со стандардизирана чистота за општа циркулација, и првиот биметалистики монетарен систем во светот околу 550 г.п.н.е.
Требало да помине извесно време пред античките монети да се користат за трговија. Дури и монетите од електрум со најмала деноминација, можеби биле вредни за околу еден ден егзистенција и би биле премногу вредни за да се купи леб."Hoards, Small Change, and the Origin of Coinage," Journal of the Hellenistic Studies 84 (1964), p. 89
Сард бил познат како прекрасен град. Околу 550 п.н.е., во близина на почетокот на неговото владеење, Крез платил за изградба на храмот на Артемида во Ефес, кој станал едно од седумте чуда на античкиот свет. Крез бил поразен во битка од Кир II од Персија во 546 п.н.е., при што лидиското кралство ја изгубило својата автономија и станало персиска сатрапија.
Автохтони династии Според Херодот, со Лидија, од вториот милениум п.н.е. до 546 г.п.н.е., управувале три династии. Првите две династии се легендарни, а третата е историска. Херодот споменува три рани мејонски кралеви: Ман, неговиот син Атис и неговиот внук Лид. Земјата и народот своето име го добиле по Лид. Еден од неговите потомци бил Јардан, со кого Херакле во еден период бил на служба. Херакле имал афера со една од робинките на Јардан, а нивниот син Алкеј бил родоначалник на лидиските Хераклиди.
Хераклеидите владееле со Мејонците; Херодот пишува дека тие владееле низ 22 генерации и вкупно 505 години од околу 1192 г.п.н.е. Првиот хераклидски крал бил Агрон, правнук на Алкеј. Него го наследиле 19 Хераклидски кралеви, со непознати имиња, сите наследувања биле од татко на син. Во 8 век п.н.е., Мелес станал 21-виот и претпоследниот хераклидски крал, а последен бил неговиот син Кандаул (починал околу 687 г. п.н.е.).
Мермнадско Царство лево|мини| Таблица ог Гиг, Британски музеј
Гиг