Нумидија ― древно берберско кралство во северозападниот дел од Африка. Прво ја зафаќало територијата на денешен Алжир, но подоцна кралството се проширило на територијата од денешен Тунис, Либија и делови од Мароко. Било населено претежно од берберски племиња, поделени на две племенски групи: Масилии на исток и Масасили на запад. За време на Втората пунска војна (218–201 п.н.е.), кралот на Масилиите, Масиниса го победил месасилскиот крал Сифакс, и ја обединил Нумидија во едно кралство. Кралството прво било суверена држава, а подоцна во периоди било или римска провинција или римска клиентска држава.

Нумидија, при својата најголема територијална експанзија на запад се граничела со Мавретанија, на исток со римската провинција Африка, на север до Средоземно Море и на југ се протегала до Сахара. Таа била една од првите големи држави во историјата на Алжир и Берберите.

Историја

Независност мини|Нумидиски мавзолеј во Ел-Хруб фотографиран во 2000 година Нумидијците биле составени од две големи племенски заедници: Масилии во источниот дел од Нумидија и Масасили во западниот. За време на Втората пунска војна, источните племиња биле во сојуз со Картагина, а западните племиња биле сојузници на Рим. Кралството Масасили се протегало од реката Мулуја до Оуед Румел.History of Humanity: From the seventh century B.C. to the seventh century A.D. Sigfried J. de Laet, Joachim Herrmann, UNESCO, Меѓутоа, во 206 г п.н.е., новиот крал на источните Масили, Масиниса, стапил во сојуз со Рим, а масасилскиот крал Сифакс се префрлил на картагинска страна. По завршувањето на војната, Масиниса ја зазел цела Нумидија. Масиниса починал во 148 г п.н.е., а неговата територија се протегала од Мулуја до границата со Картагина, а исто така на југоисток до заливот кај Сирт, така што Нумидија целосно ја опкружувала Картагина (Апијан, Пуница, 106).Historical Dictionary of Morocco Aomar Boum, Thomas K. Park Rowman & Littlefield Исто така, откако бил заробен Сифакс, кој владеел со денешно Мароко неговата држава станала вазал на Масиниса. мини|Нумидија (во сино) по заробувањето на Сифакс, Рим (црвено), Картагина (жолто) и (Египет виолетово) Historical Dictionary of Morocco Aomar Boum, Thomas K. Park Rowman & Littlefield Масиниса, исто така, ја проширил државата на југ до Гетули и Фезан.Histoire des Romains depuis les temps les plus reculés jusqu'à la fin du règne des Antonins: Depuis les Gracques jusqu'à la fin du règne de Claude.Storia della Libia dai tempi piu' [i.e. più] remoti ad oggi: compendio.

По смртта на Масиниса околу 148 г п.н.е., него го наследил неговиот син Миципса. Откако Миципса умрел во 118 п.н.е., со Нумидија владееле неговите два сина Химпсал I, Адербал и нелегитимниот внук на Масиниса, Југурта, кој бил многу популарен меѓу Нумидијците. Химпсал и Југурта се скарале веднаш по смртта на Миципса. Југурта го убил Химпсал, што довело до отворена војна со Адербал.Sallust (c. 40 BCE), Jugurthine War XI–XIII.

Земјоделство Нумидиското кралство било прочуено по големите земјоделски приноси и по квалитетот на пченицата, многу слична со онаа која одгледувала долж Нил.

Во 179 г.п.н.е. кралот на Нумидија Масиниса добил златна круна од жителите на Делос затоа што им испратил брод со жито. Во Делос била поставена и статуа на Масиниса. Во 143 година, од Нумидија се извезувало голема количина маслиново масло низ Римската империја.

Војна со Рим Во 112 г.п.н.е., Југурта продолжил да војува со Адербал. Тој притоа го навлекол гневот на Рим затоа што убил римски трговци кои му помагале на Адербал. По кратка војна со Рим, Југурта се предал и добил многу поволен мировен договор. Поради сомнеж за поткуп при склучување на договорот, во Рим бил повикан командантот на војската за да се соочи со обвиненијата. Во Рим, исто така, како сведок бил повикан и Југурта, каде што бил целосно дискредитиран откако се дознало за неговото насилно минато, и откако бил осомничен за убиство на нумидиски соперник за престолот.

Избувнала нова војна меѓу Нумидија и Римската Република, а неколку римски легии биле испратени во Северна Африка. Војната била долга, а Римјаните безуспешно се обидувале да го поразат Југурта. Гај Мариј, увидел дека војната не е доволно активна и се упатил за Рим. Таму побарал да биде избран за конзул. Откако го избрале за конзул, Мариј се вратил во Нумидија за да ја оконча војната. Тој го испратил својот квестор Сула во соседна Мавретанија за да ги убеди да не му помагаат на Југурта. Со помош на Бокх I од Мавретанија, Сула го заробил Југурта и со тоа завршила војната. Југурта во окови бил однесен во Рим и бил сместен во Тулијанум.

Римјаните го погубиле Југурта во 104 г.п.н.е., откако претходно низ римските улици бил покажан на римскиот народ како триумф на Гај Мариј.

Поделба на кралството По смртта на Југурта, крајниот западен дел од Нумидија бил припоен кон територијата на Бокх I, крал на Мавретанија. Со остатокот од кралството продолжиле да управуваат домородни принцови. Најверојатно по смртта на кралот Гауда во 88 г.п.н.е., кралството било поделено на поголемо источно кралство и помало западно кралство. Кралевите од истокот ковале монети, а нема пронајдени монети од западните кралеви. Западните кралеви можеби биле вазали на истокот...

По Граѓанската војна помеѓу Цезар и Помпеј (во 46 п.н.е.) Нумидија ја изгубила својата независност. Западното кралство му било дадено на Бокх II, а источното кралство станало римска провинција. Остатокот од западното кралство и градот Кирта, накратко станале автономно кнежевство на чело со Публиј Ситиј. Од 44 до 40 година п.н.е., со територијата на поранешното западно кралство повторно владеел нумидскиот крал, Арабио, кој го убил Ситиј и го зазел неговото место. Тој бил убиен во граѓанските војни во Рим.

Римски провинции мини|Северна Африка под римска власт Источна Нумидија била анектирана во 46 година п.н.е. и била создадена римска провинција, Африка Нова. Западна Нумидија, по смртта на нејзиниот последен крал Арабио во 40 п.н.е. била припоена кон провинцијата Африка Нова и била создадела нова провинција Африка Проконзуларис. Краток период (30–25 п.н.е.) Џуба II (син на Џуба I ) владеел како клиентски крал на Нумидија на територијата на поранешната провинција Африка Нова.

Во 40 година, западниот дел од Африка Проконзуларис бил ставен под царски легат, и всушност станал посебна провинција Нумидија, иако легатот Нумидија до 203 година останал номинално подреден на проконзулот на Африка. Во 193 година, за време на владеењето на Септимиј Север, Нумидија била одвоена од Африка Проконзуларис и била управувана од царски прокуратор.

По реорганизацијата на царството од страна на Диоклецијан, Нумидија била поделена на две провинции: северната станала Нумидија Циртенсис, со главен град Кирта, а јужната станала Нумидија Милитиана.

Подоцна, царот Константин Велики ги обединил двете провинции со главен град во Кирта, кој во негова чест бил преименуван во Константина (денешен Константин). Гувернерот, во 320 година, ја подигнал на ранг на конзуларис, а провинцијата била една од шесте Африкански Епархии до 428 година кога била освоена од Вандалите, по што почнала бавно да се распаѓа.

Поврзано

Африка (римска провинција) Римска Либија

Наводи

Дополнителна литература

Категорија:Покраини на Византија Категорија:Поранешни кралства Категорија:Берберски династии Категорија:Престаноци во 1 век п.н.е. Категорија:Статии со извори на француски (fr)