мини|300п|десно|Поглед на населбата (фотографирано над Скопската обиколница) мини|десно|250п|Даме Груев на картата на Општина Ѓорче Петров.
Даме Груев — населба во Скопје, на подрачјето на Општина Ѓорче Петров. Исто така овој дел од Скопје се препознава како населба Ге-Ге, и го опфаќа просторот околу улицата Лука Геров. Населбата се простира на 2,5 км2 и има приближно 20 000 жители (Македонци - 80 %, Роми - 15 %, останати - 5 %). До осумдесеттите години ова место било ретко населено и било познато како „Гола Гузица“ (Ге-Ге). Главната улица (денеска „Лука Геров“) бил патот кој водел до с. Ново Село, па затоа за некои ова место било познато уште како и „Новоселски Пат“. Кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите значително е зголемен бројот на куќи, а подоцна и згради со што нагло се зголемува населението и се формира месна заедница, а населбата го добива името „Даме Груев“.
Бидејќи населбата е релативно нова, нејзиниот урбанистички план е модерен со прави улици хоризонтално и вертикално во налик на шаховска табла . Позначајни објекти се основното училиште „Страшо Пинџур“, детската градинка „Пампурче“, касарната „Ѓорче Петров“, најновиот центар за технички преглед на возила, воениот отпад и друго. Северно од населбата поминува реката Лепенец.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Преображение“ — главна и единствена црква во населбата. Камен-темелникот бил поставен на 5 декември 2015 година;Осветени темлите на новата црква „Свето Преображение Христово“
Археолошки наоѓалишта Гологузица — осамен наод, гроб на кремиран покојник од римско време
Наводи
Категорија:Географија на Скопје Категорија:Населби и маала во Скопје Категорија:Општина Ѓорче Петров