лево|мини| Марионети во музејот на марионети, Чешки Крумлов лево|мини| Куклар на Карлов мост, Прага Кукларството во Словачка и Чешка претставува форма на традиционална забава, но и начин на пренесување на визија за светот и образовно средство со пораки за морални вредности кај населението во овие земји. Ова е причината зошто оваа уметност во 2016 година била вклучена во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на светот.Puppetry in Slovakia and Czechia na službenim stranicama UNESCO-a Preuzeto 30. srpnja 2018.

Куклите, на реални или измислени ликови, најчесто се направени од дрво и анимирани со различни методи. Првите изведувачи биле семејства на патувачки куклари, чии изведби подоцна добиле локални влијанија, користејќи во главно комични фигури со различни карактеристики.

Куклениот театар е составен дел на словачката и чешката локална театарската и литературната традиција. Исто така, игра важна улога во социјализацијата, помагајќи им на изведувачите да се развијат како креативни мислители и да научат да соработуваат, да комуницираат и да го зајакнат нивното чувство за идентитет во општеството. Обележувањето на традиционалните обреди и свечените настани како празници, пазари и саеми, куклените претстави се изведуваат на многу различни начини денес, но сепак црпат инспирација од традицијата. Учесници се куклари, драмските писатели, изработувачи на куклите и костимите, како и сценографи. Вештините се пренесуваат во заедниците за изведување, како и преку работилници водени од непрофитни организации и музички и уметнички училишта. Во Словачка, оваа уметност се пренесува и во традиционалните куклени династии.Puppetry in Slovakia and Czechia na službenim stranicama UNESCO-a Preuzeto 30. srpnja 2018.

Поврзано Опера на куклени марионети

Наводи

Надворешни врски Видео инфо

Категорија:Кукларство Категорија:Нематеријално културно наследство на Словачка Категорија:Нематеријално културно наследство на Чешка