мини|300п|десно|Воздушен поглед над селото Новосељане мини|300п|десно|Воздушен поглед над селото Кучкарево
Кумановската Котлина — котлина на крајниот север на Македонија. Границата на котлината е јасно изразена на западната, северозападната и северната страна, каде води по билата на Скопска Црна Гора (претставена со нејзиниот огранок Карадак), Руен (775 м.) и на Козјак (1326 м.), а потешко може да се следи југоисточната граница спрема Овче Поле. Слично е и со северната граница каде ја сече Кумановско-прешевската долина. Кумановска Котлина, во Република Македонија зафаќа површина од 1290 км2, а мал дел од 66 км2 припаѓа на Србија.Геоморфолошки одлики на Кумановската Котлина. Географски разгледи кн. 36“, Андоновски Т., Милевски И., Скопје, 2001
Релјеф
Во релјефен поглед, котлината се одликува со ритчесто брановиден релјеф кој е настанат со всекување на помали речни текови по дното на некогашното плиоцено езеро, кое овде егзистирало пред 20-2 милиони години. Во средишниот дел на котлината се протега малото Кумановско Поле. Во него се издојуваат повеќе морфолошки целини: Жеглигово на запад, Средорек со Страцин на исток и Црно Поле, Нагоричанска зарамнина, Врело Поле и Рудо Поле како помали зарамнини. Во геолошки поглед, дното на Кумановската Котлина е покриено со неогени (езерски) и речни седименти. Пред 30-10 милиони години, источниот дел на котлината бил зафатен со силна вулканска активност, а доказ за тоа се купите околу Средорек и Страцин и големата базалтна плоча кај с. Нагоричане, единствена од таков вид на Балканскиот Полуостров.
Клима
Поради својата отвореност кон север и кон југ, во Кумановската Котлина се чувствуваат континентални и изменето средоземни влијанија. Просечната годишна температура е околу 11,5 степени, а просечното годишно количество на врнежи е околу 550 мм. Тоа нешто овозможува одгледување на градинарски култури, пченка, крмни растенија и др.
Хидрографија
Заради малото количество на врнежи во текот на годината, Кумановската Котлина се одликува со слаби водотеци кои имаат доста променлив протек.
Население Развиена е градската населба Куманово.
Поврзано Жеглигово
Наводи
Категорија:Котлини во Македонија Категорија:Географија на Куманово