мини|250п|Музеј на Елијас Фрис во Фемше.

Елијас Магнус Фрис (; – ) — шведски миколог и ботаничар, наречен „Линеј на микологијата“. Опишал стотици видови габи и лишаи, и им ги дал нивните научни имиња.

Живот Роден е во селото Фемше, Смоланд како син на тамошниот свештеник. Посетувал училиште во Векше.

Благодарение на татко му се стекнал со огромно познавање на цветните растенија. Во 1811 г. се запишал на Лундскиот универзитет и во 1814 г. ги завршил докторските студии. Истата година станал доцент по ботаника. Бил избран за член на Кралска шведска академија на науките, а во 1824 г. станал професор. Во 1834 г. ја презел Боргстремовата катедра (Borgströmianska professuren) по применета економија на Упсалскиот универзитет (од 1851 г. „професор по ботаника и применета економија“). Во 1849 г. Бил избран за странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките. Истата година бил назначен и за директор на of Ботаничката градина на Упсалскиот универзитет. Во 1853 г. станал ректор на универизтетот.

Најважни негови дела се тритомниот „Миколошки систем“ (Systema mycologicum, 1821–1832), „Попис на габите“ (Elenchus fungorum, 1828), двотомната „Монографија за опнестите габи на Шведска“ (Monographia hymenomycetum Sueciae, 1857 и 1863) и „Опнести габи на Европа“ (Hymenomycetes Europaei, 1874).

Фрис заедно со Кристијан Хендрик Персон се смета за основоположник на современата таксономија на печурките. Во неа бил повлијаен од Гете и германските романтичари. Се водел според бојата на спорите и распоредот на хименосфорот (пори, реси, запци итн.) како главна таксономска особина.

Починал во Упсала на 8 февруари 1878 г.

Дела Monographia Pyrenomycetum Sueciae (1816) Systema mycologicum (1821) Systema orbis vegetabilis (1825) Elenchus fungorim (1828) Lichenographia europaea reformata (1831) Epicrisis systematis mycologici: seu synopsis hymenomycetum (1838)

Семејство

Син му Теодор Магнус Фрис се истакнал како ботаничар, лихенолог и арктички истражувач. Внуците Теодор Кристијан Елијас Фрис и Роберт Елијас Фрис станале значајни ботаничари.

Наводи

Надворешни врски

За Елијас Магнус Фрис во печуркарски часопис Наследници на здружението „Елијас Фрис“

Категорија:Шведски ботаничари Категорија:Шведски миколози Категорија:Алголози Категорија:Бриолози Категорија:Птеридолози Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Шведската академија Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Апсолвенти на Лундскиот универзитет Категорија:Почесни членови на Кралското друштво на Единбург Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон