мини| Две четвртини ноти и воздишка. Четвртина или четвртина нота — нотна вредност претставена со црна јајцевидна нотна глава, на која се надоврзува врат. Положбата на нотната глава во петолинието ја означува нејзината висина.

Времетраењето на четвртината е еднакво на половина од времетраењето на половина нота, четвртина од цела нота, двократно подолго од осмината, четирикратно од шеснаесетината, итн.

Во такт нумериран 4/4, четвртина нота вреди едно отчукување, или четвртина од тактот.

Воздишка Пауза со исто времетраење како и четвртината е воздишка.

Воздишката понекогаш се претставува во друг облик: облик на полувоздишка, но со куката десно. Се претпочита да не се користи овој древен симбол, за да не се меша со оној на модерната полувоздишка.

Поврзано Нотна вредност Ритам

Наводи

Категорија:Нотни вредности Категорија:Музичка терминологија Категорија:Теорија на музиката Категорија:Музичка нотација