1789 Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД. 1933 Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објавил својата „Нова политика“ (New Deal), чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата. 1942 Во Софија, бугарската полиција го уапсила поетот Никола Јонков Вапцаров. 1945 Во Белград бил основан фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“. 1945 Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите го искажале расположението на македонскиот народ за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија. 1952 Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна. 1965 Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни. 1965 Со премиерата на претставата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова, започнал со работа Драмскиот театар во Скопје. 4 март
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 4 март (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.