1776 Шкотскиот економист Адам Смит го објавил неговото капитално дело „Богатството на народите“. 1908 Бил основан италијанскиот фудбалски клуб Интер од Милано. 1916 Прва светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија. 1956 Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република. 1966 Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија. 1987 Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна. 1995 Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво. 1999 Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја. 9 март
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 9 март (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.