Медко̀вец () — село во северозападна Бугарија, административен центар на општината Медковец во Монтанската Област. Има население од околу 1.585 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во западниот дел на Дунаската Рамнина на 35 км североисточно од регионалниот центар Монатана на 26 км јужно од град Лом.
Историја Селото било основано најдоцна до првата половина на 18 век. Името на селото се поврзува со легендата дека некогаш во околината имало шупли со мед.
Во 1821 година било отворено првото ќелијно училиште, по што било отворено првото општинско училиште (1845), кога кнез на Медковец бил Иван Кулин.
Во 1850 година, кнезот од Медковец Иван Кулин станал еден од водачите на големото Видинско востание. Медковци учествувале активно во борбата за црковно-народна независност. Во 1859 година била изградена црквата „Света Параскева“, денес прогласена за национален споменик на културата. Иконостасот во него е дело на дебарските занаетчии од родот Филипови.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на општината Медковец
Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во областа Монтана