Куаи Шјианг (, 1398 — 1481) — кинески архитект и инженер нашироко познат како градител на Забранетиот град и основач на шјиангшанските столари. Роден е во Ксуку (Шјиангшан), во округот Ву, Суџоу, за време на династијата Минг. Кога императорот Јонгле одлучил да го пренесе главниот град од Нанџјинг во Пекинг во 1407 година, на Куаи Шјианг му било наредено да го проектира и изгради Забранетиот град.
Куаи Шјианг бил во раните триесетти години кога царот му наредил да го проектира Забранетиот град. Куаи го користел Царскиот дворец во Нанџјинг како урнек. Во неговиот проект вклучил особености на дворци изградени за време на династиите Танг и Сунг. Исто така црпел идеи од конфучијански, таоистички и традиционални астрономски системи. На Куаи му биле потребни неколку години, а првиот дворец и ѕидините на градот биле завршени дури по 13 години.
Наводи
Категорија:Луѓе од времето на династијата Минг Категорија:Починати во 1481 година Категорија:Родени во 1398 година Категорија:Статии со текст на кинески