1492 Кралицата Изабела I Кастиљска го издала Указот од Алхамбра со кој им наредила на своите 150.000 Еврејски поданици да го примат христијанството или ќе бидат прогонети. 1889 Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел. 1918 Летното сметање на времето за првпат се применува во САД. 1931 Земјотрес ја разурнал Манагва, главниот град на Никарагва, при што загинале 2.000 луѓе. 1951 Првиот комерцијален сметач „УНИВАК-I“ е испорачан во Бирото за попис на САД. 1979 Малта станала независна држава откако и последниот британски војник заминал од малтешките острови. Овој ден на Малта се прославува како Ден на слободата.
31 март