Grand Theft Auto VI (скратено GTA VI) — претстојна игра од Rockstar Games. Таа ќе биде осмата главна игра во серијалот и вкупно 16-та, по Grand Theft Auto V во 2013 г. По години претпоставки и гласови, во февруари 2022 г., Rockstar објавил дека играта е во развој. На 18 септември 2022 г., на неофицијалниот форум GTAForums, корисник под името teapotuberhacker поставил 90 видеа што ја прикажуваат недовршената игра. Следниот ден, Rockstar потврдил дека имало прекршување на нивната мрежа што вклучува видеа од развојот на следната игра Grand Theft Auto. Злонамерниот корисник бил уапсен и утврден како 17-годишно момче од Оксфордшир.

Rockstar на 8 ноември 2023 г. рекол дека трејлер ќе биде објавен на почетокот на декември. На 5 декември, околу 15 часа пред предвиденото, службено е објавен првиот трејлер на играта.

Наводи

Надворешни врски

Матична страница __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Акциско-авантуристички игри Категорија:Видеоигри со отворен свет Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Видеоигри што се одвиваат во САД Категорија:Grand Theft Auto Категорија:Игри за Xbox Series X/S