Зграда на Министерството за култура — зграда во скопската населба Дебар Маало. Таа е управна зграда на Министерство за култура. Таа е прогласена за Споменик на културата.
Историја Зградата била подигната во 1927 година, или 1933 година, за потребите на тогашното Министерство за шуми на Кралството СХС.
Во социјалистичкиот период, градбата била користена најповеќе за воени цели, каде бил сместен и командниот гарнизон. Во 1998 година, зграда била прогласен за споменик на културата.
Во 2005 година, во времето на министерот за култура Благој Стефановски, зградата била предадена во употреба на Министерството за култура. Во тој период биле додадени знамиња и натписи за потребите на министерството.
Зградата била прогласена за значајно културно наследство врз основа на Уп. бр. 18-429/2015 од 4 февруари 2016 година.
Во ненаведено време, биле напревени следните промени: бил затворен влезот односно пристапот од улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ (денешна „Мирослав Крлежа“); бил отстранет орнамент над главниот влез на аголот; била извршена санација на покривот, приспособување во внатрешноста, и биле додадени клима уреди.
Архитектура и особености Зградата се наоѓа на агол од блок. Подолгата, претставителна фасада е во низа, ориентирана кон улица „Ѓуро Ѓаковиќ“, додека пократката страна е ориентирана кон споредна улица, на која се надоврзува внатрешен двор кој се протега до завршетокот на блокот. Градбата се истакнува во висина и габарит од останатите згради во соседството. Градбата била изградена во масивен систем со бетонски плочи и ѕидна исполна од тула. Главниот влез во градбата, скулптурално поставен и подигнат во високо приземје, е на самиот агол, кој е геометриски пресечен и остава впечаток на повлекување од улицата, со што образува плато пред самиот влез. Градбата се одликува со прочистена фасада, од која отстапуваат нагласените хоризонтални раздвојни венци. Градбата има повеќеводен покрив со дрвена потконструкција. Новиот покрив е истотака повеќеводен, со дрвена потконструкција и завршна обработка од ќерамиди. Фасадата била малтерисана со цементен малтер. Има плитка украсна пластика со расчленување на површината со хоризонтални и вертикални линии. Надворешната и внатрешната столарија биле изработени од дрво. Градбата има дупли прозорци, ритмично поставени низ целата фасада. Дворот на градбата е ограден со бетонски столпчиња, парапетна исполна од тула и метална ограда.
Поврзано Зграда на бул. „Илинден“ бр. 41 Зграда на Детски културен центар „Карпош“ (бул. „Илинден“ бр. 53) Зграда на бул. „Илинден“ бр. 63 Зграда на бул. „Илинден“ бр. 68 Рубенова палата (Зграда на бул. „Илинден“ бр. 80) Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 83а Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 88 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 108 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 109 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 115 Зграда на ул. „Аминта Трети“ бр. 17 Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 82 Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 88 Зграда на ул. „Раде Кончар“ („Живко Чинго“/„Боемска“) бр. 4а Зграда на Ташковиќ Зграда на Кубеш
Наводи
Надворешни врски
Службено мрежно место на Управата за заштита на културното наследство
Министерство за образование Категорија:Дебар Маало Категорија:Згради и градби завршени во 1927 година Категорија:Згради и градби завршени во 1933 година Категорија:Појавено во 1927 година во Македонија Категорија:Појавено во 1933 година во Македонија