Пештерски храм Бинглинг () — низа пештери полни со будистички кипови исклепани во природни пештери во кањонот покрај Жолтата Река. Се наоѓа северно од градот каде што Жолтата Река се влева во акумулацијата Лиуџјиашја. Административно, тој е град во округот Јонгџјинг, Автономна Префектура Линшјиа Хуи, покраина Гансу, околу 100 километри југоисточно од Ланџоу. Овој храм, заедно со другите места долж Патот на свилата, бил впишан на Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2014 година како дел од Патот на свилата: мрежата на коридорот Чанган-Тјеншан. лево|мини| Мали релјефни фигури Пештерите се изградени пред повеќе од илјадалетие. Првата пештера започнала да се гради околу 420 година од нашата ера, при крајот на кралството Западен Чјин. За време на династиите Веи, Суи, Танг, Сонг, Јуан, Минг и Чјинг биле додадени повеќе пештери. Стилот на секоја пештера лесно се препознава и може да се поврзе со типичните уметнички дела на соодветната династија. Храмот Бинглинг е стилски и географски средишна точка помеѓу монументалните Буди од Бамијан во Авганистан и будистичките пештери во Средна Кина, пештерите Јунганг во близина на Датонг и пештерите Лонгмен во близина на Луојанг.
Низ вековите, земјотресите, ерозијата и крадците оштетиле или уништиле многу пештери како и уметничките богатства во нив. Зачувани се вкупно 183 пештери, 694 камени статуи и 82 глинени скулптури. Релјефни скулптури и пештери, полни со кипови на Буда и фрески се нижат на северната страна на кањонот во должина од околу 200 метри. Секоја пештера е како маленѕав храм полн со будистички фигури. Овие пештери досегаат врв во голема природна пештера, каде што дрвените патеки несигурно се извиваат по лицето на карпата до скриените пештери покрај карпите и џиновскиот Буда Маитреја, висок повеќе од 27 метри.
Туризам Скулптурите, резбите и фреските што останале се извонредни примери на будистичката уметност и привлекуваат посетители од целиот свет. Местото е исклучително оддалечено и може да се стигне само во лето и наесен со брод преку акумулацијата Лиуџјиашја. Чамците поаѓаат од близина на браната Лиуџјиашја во градот Лиуџјиакшја (седиште на округот Јонгџјинг), а понекогаш и од другите пристаништа на акумулацијата. Остатокот од годината местото е непристапно, бидејќи во околината нема патишта.
Наводи
Надворешни врски
chinatoday.com.cn: Die Bingling-Höhlentempel (Aus „China im Aufbau“, бр. 1, 1980) Бинглинг илјада пештери на Буда
Категорија:Гансу Категорија:Будистичка уметност Категорија:Пат на свилата Категорија:Светско наследство во Кина Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески