Брацѝгово () — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Брацигово во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 3.955 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа во подножјето на Родопите, во котлина која на запад е проветрена од Пештерската Котлина и на север од Тракиската Низина. Брацигово се наоѓа на 23 км јужно од регионалниот центар Пазарџик и на околу 40 км од Пловдив.

Историја Археолошките истражувања покажаа дека областа била населена со Тракијци, а подоцна и Словени.

Историските записи покажуваат дека населено место било основано во одреден момент во 16-17 век, изградено над урнатините на претходната населба. Основачите на новиот град биле доселеници од западниот дел на Егејска Македонија, од околината на Костур.Петлешков, Никола, Йеремиев, Иван. История на Брациговското въстание, Пловдив 1905, с. 72-73.Митев, Йоно. История на Априлското въстание, София 1988, т. ІІ, с. 171.

Населението на Брацигово земало активно учество во Априлското востание од 1876 година. На 3 мај (21 април - стар стил) 1876 година, Васил Петлешков го објавил почетокот на Априлското востание во Брацигово. Битката во Брацигово била една од најкрвавите, но востанието било задушено, а Васил Петлешков бил заробен жив и мачен до смрт.

При избувнувањето на Првата балканската војна во 1912 година, 5 жители на Брацигово доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 831.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Брацигово

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Пазарџик