Јанко Стојков Колевски (16 април 1921 во Ивени, Битола — 23 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Јанко Колевски бил роден на 16 април 1921 година во селото Ивени кај Битола. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ пристапил во септември 1944 година. Учествувал во борбите што ги водел 15ти корпус во Срем и Хрватска. Загинал како водник во Втората македонска бригада во Славонска Пожега на 23 април 1945 година.

Наводи Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ