Рик и Морти () — американска комична научнофантастична анимирана серија за возрасни создадена од Ден Хармон и Џастин Ројланд. Премиерата била на 2 декември 2013 г. во САД како дел од ноќниот блок Adult Swim на Cartoon Network, а подоцна била додадена и на Netflix. Серијата ја има и на сервисот HBO Max со македонски превод.

Серијата е посветена на несреќите на циничниот луд научник Рик Санчес и неговиот наивен, непостојан и тромав внук Морти. Серијата, која произлегла од бурна анимирана пародија на франшизата „Враќање во иднината“, добила исклучително високи оценки од критичарите, кои особено ја пофалиле нејзината посебност, творечки пристап и смисла за хумор.

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Цртани филмови Категорија:Анимирани серии Категорија:Рик и Морти Категорија:Американски анимирани телевизиски серии Категорија:Американски научнофантастични серии Категорија:Оригинални програми на Adult Swim