Систем за наводнување Дуџјиангјан () — древен систем за наводнување во Дуџјиангјан, Сечуан, Кина. Системот првично бил изграден околу 256 г. пр. н. е. од државата Чјин како проект за наводнување и спречување поплави и како таков сè уште се користи и денес. Инфраструктурата на системот се развива на реката Мин, најдолгата притока на реката Јангце. Областа е во западниот дел на рамнината Ченгду, помеѓу Сечуанската Котлина и Тибетската Висорамнина. Првично, реката Мин се спуштала од планините Мин и брзо успорувала кога ќе стигнела до рамнината Ченгду, полнејќи го речното корито со тиња заради што блиските области биле исклучително подложни на поплави. Кралот Џао од династијата Чјин нарачал проект и изградба на Дуџјиангјан. Проектот се засновал на нов метод на канализирање и распределување на водата во реката, наместо едноставно да ја оградува со брана. Оваа шема за управување со водите сè уште се користи денес за наводнување на над 5.300 км2 земјиште во областа и донела големи придобивки во контрола на поплавите, наводнувањето, пренесувањето вода и општото користење на водата. Започнал пред повеќе од 2.250 години и денес наводнува 668.700 хектари земјоделско земјиште. Дуџјиангјан, каналот Џенгуо во Шааншји и каналот Лингчу во Гуангшји се заедно познати како трите големи хидраулични инженерски проекти на Чјин.

Системот за наводнување Дуџјиангјан бил впишан на Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2000 година. Прогласен е и за приоритетно заштитено подрачје на земјата, во првата група национални живописни и историски места и за национално демонстративно подрачје ISO14000.

Историја

Планирање мини|Карта на која е прикажан планот на проектот Дуџјиангјан лево|мини| Источен Хан (25–220 н. е.) статуа на Ли Бинг, хидрауличен инженер одговорен за Дуџјиангјан За време на раздобјето на завојуваните држави, луѓето кои живееле во областа на реката Мин катагодишно биле погодувани поплави. Хидрологот Ли Бинг од Чјин го истражувал проблемот и утврдил дека реката се издигала заради брзата вода од пролетното топење од месните планини кои ги преминувале нејзините брегови кога ќе стигнела до бавно движечкиот и силно засипнат долен дел.

Едно решение би било да се изгради брана, но Чјин сакал да го задржи водниот пат отворен за воените бродови за снабдување на војниците на границата, па наместо тоа бил изграден вештачки насип за да се пренасочи дел од протокот на реката, а потоа да се пресече канал низ планината Јулеи, за да се пренасочи вишокот вода во сувата рамнина Ченгду.

Изградба Кралот Џао од династијата Чјин издвоил 100.000 таели сребро за проектот и испратил екипа од десетици илјади луѓе. Насипот бил изграден од долги корпи во облик на колбас од плетен бамбус исполнети со камења познати како џулонг, што ги држеле дрвени триножници познати како мача. Изградбата на водениот насип, кој наликува на уста на риба, траела четири години.

Копањето на каналот се покажало како многу поголем проблем, бидејќи алатките достапни во тоа време, пред пронаоѓањето на барутот, не можеле да продрат во тврдите карпи на планината, така што се користела комбинацијата од оган и вода за загревање и ладење на карпите додека не пукнат и да може да се отстранат. По осум години работа, низ планината бил прокопан канал широк 20 метри.

Наследство мини|Дуџјиангјан По завршувањето на системот, немало повеќе поплави. Наводнувањето го направило Сечуан некое време најпродуктивнита земјоделска област во Кина. Изградбата е заслужна и што на жителите од подрачјето животот им станал поопуштен — со отстранување на катастрофата и обезбедување редовна и изобилна жетва, им останувало многу слободно време.

Немирите околу освојувањето на Ченгду од страна на селскиот бунтовнички водач Џанг Шјианџонг во 1644 година и транзицијата Минг-Кинг воопшто довеле до депопулација и влошување на системот за наводнување Дуџјиангјан до таму што одгледувањето ориз било запрено со десетлетија. Првичниот систем за наводнување Дуџјиангјан бил уништен од земјотресот во Диеши во 1933 година. Сегашниот систем за наводнување Дуџјиангјан бил повторно изграден од Џанг Јуан (张河) и неговите синови, вклучувајќи го и Џанг Шилинг (张世龄), по земјотресот Диеши во 1933 година.

Во 2000 година, Дуџјиангјан бил впишан на Списокот на светско наследство на УНЕСКО. Денес тој станал главна туристичка знаменитост.

Земјотресот во Сечуан во 2008 година На 12 мај 2008 година, голем дел од западен Сечуан, вклучувајќи ја областа Дуџјиангјан, бил погоден од силен земјотрес. Првичните извештаи покажале дека насипот Јузуи бил пробиен, но не бил сериозно оштетен. Сè уште можело да се забележи пренасочувањето на протокот како што реката завивала. н|мини|652x652пкс| Панорама на внатрешниот тек

Инженерски конструкции мини|Насип како рибја уста мини|Карта на водните патишта

Глава за наводнување Системот за наводнување се состои од три главни градби кои работат во склад една со друга за да спречат поплави и да ги одржуваат полињата добро снабдени со вода:

Јузуи или насип рибја уста (кинески: 鱼嘴), именуван по неговата конусна глава, за која се вели дека личи на рибја уста, е клучен дел од структурата. Тоа е вештачки насип што ја дели водата на внатрешен и надворешен тек. Внатрешниот тек е длабок и тесен, додека надворешниот е релативно плиток, но широк. Оваа особена структура гарантира дека внатрешниот тек може да пренесе околу 60 % од протокот на реката кон системот за наводнување за време на сушната сезона. Додека при поплави оваа количина се намалува на 40 % за заштита на луѓето од поплави. Надворешниот тек го исцедува остатокот и исплакнува голем дел од тињата и талогот. Фејшајан или Летечка песочна брана (кинески: 飞沙堰) има отвор широк 200 метри што ги поврзува внатрешниот и надворешниот тек. Ова обезбедува заштита од поплави со тоа што дозволува природната вртложна струја на водата да го исцеди вишокот вода од внатрешниот кон надворешниот проток. Вителот исто така ги отстранува тињата и талогот што не влегле во надворешниот тек. Современата армирано-бетонска брана ги замени првичните корпи од бамбус. Канал Баопингку, или канал на тесно грло (кинески: 宝瓶口), прокопан низ планината, е последниот дел од системот. Каналот носи вода до обработливото земјиште во рамнината Ченгду, додека тесниот влез од кој го зема своето име делува како контролна врата, создавајќи вителен ток што го носи вишокот вода преку браната од жив песок за да спречи поплави.

Висечки мост Анлан Анлановиот мост се протега низ целата ширина на реката, го поврзува вештачкиот остров со двата брега и е познат како еден од петте древни мостови на Кина. Првичниот мост Џупу го премостувал само внатрешниот тек што го поврзувал насипот со подножјето на планината Јулеи. За време на династијата Сонг, бил заменет со мостот Пингши, кој изгорел за време на војните што го означиле крајот на династијата Минг.

Во 1803 година за време на династијата Чјинг, месен жител по име Хе Шианде и неговата сопруга предложиле да се изгради заменски мост направен од дрвени штици и бамбусови огради за да се преминат двата канали и овој мост го добил прекарот Парски мост во нивна чест. Овој мост бил урнат во 1970-тите и заменет со современ мост.

Географски услови мини|Планините Лонгмен се наоѓаат на северозападниот раб на Сечуанската Котлина лево|мини| Браната Зипингпу северно од Дуџјиангјан

Местоположба Системот за наводнување Дуџјиангјан се наоѓа во западниот дел на рамнината Ченгду на раскрсницата на Сечуанската Котлина и Чјингхаи-тибетската Висорамнина.

Геологија Системот за наводнување е на преломот на две топографски нивоа — на планините на западното плато и рамнината Ченгду. Тоа е југозападното продолжение на планините Лонгмен и областа низ која минува раседната зона на планините Лонгмен.

Системот за наводнување Дуџџјиангјан е повисок на северозапад и понизок на југоисток. Западот припаѓа на јужниот дел на планините Лонгмен со надморска височина под 3000 метри. На исток се наоѓа рамнината Ченгду со надморска височина од 720 метри.

Хидрологија Системот за наводнување Дуџјиангјан е изграден на влезот на реката Минџјианг со просечен годишен прилив од 15,082 милијарди кубни метри вода. Во горниот тек на реката има две хидролошки станици. Една од нив е браната Зипингпу на устието на главниот тек. Регулираното сливно подрачје изнесува 22.664 квадратни километри, што претставува 98,38 % од целото сливно подрачје на горниот тек на реката Минџијанг. Втората е браната Јанглиупинг на устието на реката Баиша со регулирано сливно подрачје од 363 квадратни километри, што претставува 1,58 % од вкупниот слив. Сливот е на 10 квадратни километри од устието на реката Баиша до системот за наводнување Дуџјиангјан, што претставува 0,04 % од вкупниот слив. мини|Храмот Ерванг во Дуџјиангјан мини|Пајфанг во Дуџјиангјан

Храмови

Храм на два крала Ерванг или Храм на два крала се наоѓа на брегот на реката во подножјето на планината Јулеи. Првичниот храм Вангди, изграден во спомен на древниот крал Шу, бил преместен, па месното население овде го преименувало храмот.

Дрвениот комплекс од 10.072 м² од династијата Чјинг го следи традиционалниот стандарден облик на храмови, освен што не ја следи оската север-југ. Главната сала, во која се наоѓа современиот кип на Ли Бинг, гледа кон дворот. На традиционалниот роденден на Ли Бинг, 24-тиот ден од седмиот месец од месечевиот календар за јавноста се изведувале локални опери, а на празникот на чистење на гробовите се одржувал празник на фрлање вода.

Во последната сала се наоѓа современ кип на богот Ерланг Шен. Некои велат дека Ерланг Шен бил Ли Ерланг, но историските записи не го потврдуваат тоа, а можно е месното население да го измислило како лажен бог. Павилјонот Гуанлантин стои над комплексот и е испишан со мудрите зборови на Ли Бинг, како што се: Кога реката тече цик-цак, пресечете прав канал; кога речното корито е широко и плитко, копајте подлабоко.

Храм „Скротување на змејот“ Фулонгуан или Храм „Скротување на змејот“ во паркот Лидуи е основан во III век во чест на Фан Чангшенг. По смртта на Ли Бинг, тука била изградена сала во негова чест и храмот бил преименуван во спомен на преданијата за борбите со змејови што го опкружувале. Овде, Ерланг Шен, легендарниот син на Ли Бинг, се вели дека го оковал змејот што тој и неговите седум пријатели го нападнале во заседа во храмот на богот на реката кога станувало збор за човечка жртва. Се вели дека оваа мерка оттогаш го заштитила подрачјето од поплави.

За време на династијата Источен Хан, кипот на Ли Бинг бил поставен во реката за да се следи водостојот, при што кога нивото се издигнувало над неговите раменици укажувало на поплава, а кога паѓало под неговите колена укажувало на суша. Тоа е најстарата позната камена статуа на човек во Кина, која била ископана од реката во 1974 година и изложена во главната сала.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Науката и технологијата во Кина Категорија:Ќин (династија) Категорија:Национални паркови во Кина Категорија:Светско наследство во Кина