Милорад Стојановиќ (Пирот, 24 јануари 1931 – Скопје, 2000), — македонско–српски геолог.
Животопис Основно училиште и гимназија завршил во Алексинац. Студирал на Групата за геологија на ПМФ во Белград од 1949/50 година до 1954 година. Во 1956 година, се вработил во Рударско-топилничкиот басен во Бор, каде што останал до 1958 година. Од 1958 година. до 1981 година, работел во Геолошкиот завод на РМ во Скопје. Во 1979 година, на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, ја одбранил докторската дисертација со насловот „Геолошки састав и тектоника терена Т. Велес ‒ планина Клепа ‒ река Рајец”. Во 1982 година, бил вработен на Институт за географија при ПМФ, каде бил избран во доцент, во 1985 година станал вонреден, а во 1991 година бил унапреден како редовен професор од областа на геологијата. Неговата научна дејност е во областа на регионалната геологија и минералните суровини. Има публикувано околу 80 научни и стручни трудови, елаборати, извештаи и проекти како и два универзитетски учебници: Геологија и петрографија (1991 година) и Историска геологија (1989 година). Имал студиски престој во НР Бугарија (1959 година), Чехословачка (1967 година) и СССР (1969 година). Носител е на повеќе признанија. Починал во Скопје во 2000 година.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски
Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски
Војислав Радовановиќ Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Починати во 2008 година Категорија:Македонски геолози Категорија:Југословенски геолози Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски учебникари Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски професори