Жени Сипријано Катамо (роден на 26 јануари 2001 година, во Беира) — мозамбикански фудбалер, на и на мозамбиканската репрезентација.

Клупска кариера Почетоци, Спортинг Лисабон Б и деби за првиот тим Роден во Беира, Мозамбик, Катамо ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на Блек Булс во својата татковина, но своето професионално деби го направил за екипата на Амора во третата португалска лига во 2019 година. По завршувањето на сезоната 2018-2019, на 11 јуни 2019 година, Катамо потпишал договор на две години со младинската академија на Спортинг Лисабон.hdc-uc-acsweb1/aceyus45/Dash_Viewer.aspx?DashID=5028

Играјќи главно за вториот тим на Спортинг во третата португалска лига, Катамо забележал 30 настапи и два гола. Сепак, во сезоната 2021-2022, тој почнал често да добива повици во првиот тим носејќи го дресот со број 57. Своето деби за првиот тим на Спортинг во Примеира лига го имал на 29 декември 2021, во победата на „лавовите“ на домашен терен над Портимоненсе со 3-2, заменувајќи го Рикардо Ешгајо во 60-тата минута.

Позајмиците во Виторија Гимараеш и Маритимо На 31 јануари 2022 година, Катамо заедно со Бруно Гаспар заминал во Виторија Гимараеш, на позајмица со право на откуп, како дел од трансферот на Маркус Едвардс, кој се преселил од Виторија во Спортинг. Своето деби за Виторија го направил на 19 февруари, влегувајќи како замена во поразот со 1-3 на домашен терен од Ароука. На 13 март, појавувајќи се одново од клупата тој му асистирал на Никола Жанвје за победничкиот погодок во успехот со 1-0 на гостувањето кај Маритимо. Конечно, на 15 мај, во својот прв и единствен започнат натпревар од првата минута за Виторија Гимараеш, Катамо забележал две асистенции во убедливата победа од 5-0 над Жил Висенте во рамките на последното коло од Примеира лига 2021-2022.

Откако забележал 10 настапи и три асистенции за Виторија во рамките на втората половина на сезоната 2021-2022, во текот на летото двата клуба преговарале за продолжување на позајмицата на Катамо во Гимараеш. Но и покрај најавите дека клубовите биле близу до пронаоѓање на договор за продолжување на позајмицата на Катамо во Виторија, наместо тоа се случува пресврт, па тој на крајот бил позајмен на Маритимо до крајот на сезоната 2022-2023.

Иако стигнал како големо засилување за клубот од островот Мадејра, сезоната на Катамо во Маритимо била уништена од разни повреди, поради кои тој бил ограничен само на 9 одиграни натпревари во Примеира лига 2022-2023. Сепак, во завршницата на првенството тој успеал да фати некаков континуитет во настапите и го пронашол својот прв погодок во најсилната португалска лига, а тој се случил на 29 април 2023 против неговата поранешна екипа Виторија Гимараеш во поразот на неговиот тим со 1-2. Катамо играл и во двата натпревари од баражот за опстанок, но неуспеал да му помогне на Маритимо да избегне испаѓање од Примеира лига, откако клубот бил поразен од Ештрела Амадора по изведување пенали.

Враќање во Спортинг Во летото 2023 година, Катамо се вратил во Спортинг, а набргу потоа од клубот најавиле дека тој нема да оди на нова позајмица туку ќе остане да се бори за своето место во тимот. По импресивните настапи во предсезонските подготовки, тој го започнал натпреварот на домашен терен против Визела во рамките на првото коло на Примеира лига 2023-2024, во кој „лавовите“ победиле со 3-2 со гол во последните минути од судиското надополнување. Тоа бил неговиот прв старт и вкупно втор настап во дресот на Спортинг, по речиси две години подоцна откако го имал своето деби во декември 2021 година. На 21 септември, тој дебитирал во европските натпреварувања, играјќи 77 минути во победата со 2-1 на гостувањето во Австрија против Штурм Грац во рамките на групната фаза од УЕФА Лига Европа. Продолжувајќи редовно да игра, на 21 октомври 2023, го пронашол својот прв гол во дресот на Спортинг во гостинската победа со 3-1 над нисколигашот Оливаис Москавиде во Купот на Португалија. Само девет дена подоцна, Катамо го постигнал својот прв првенствен гол за Спортинг во победата со 2-0 на гостувањето кај Боависта.

На 22 декември 2023 година, Катамо потпишал нов петгодишен договор со Спортинг во трајност до 2028 година, при што неговата ослободителна клаузула била одредена на 60 милиони евра. Набргу по враќањето од настапите за Мозамбик на Купот на Африка, Катамо го постигнал својот прв погодок за Спортинг пред домашните навивачи на стадионот Жозе Алваладе во убедливата победа со 8-0 над Каса Пиа во првенството. На 6 април 2024, Катамо постигнал два гола во Дербито на Лисабон во кое Спортинг ја победил Бенфика со 2-1, носејќи им на „лавовите“ победа од пресудна важност во битката за титулата, зголемувајќи ја предноста на табелата на својот тим на 4 бода пред директниот конкурент. На крајот од сезоната, тој триумфирал со Спортинг во португалското првенство, придонесувајќи за 20-тата титула во историјата на клубот со 27 настапи и 5 постигнати гола.

Следната сезона, Катамо ја започнал како стартер по левата страна, додека на неговата вообичаена позиција десно играл младиот продукт од академијата на клубот Жеовани Кенда. На 31 август 2024, во судиското надополнување тој го постигнал вториот гол за Спортинг во победата со 2-0 во дербито против Порто. На 17 септември, дебиритал во Лигата на шампионите, играјќи го целиот натпревар во победата со 2-0 на домашен терен над Лил, станувајќи само третиот мозамбиканец кој играл во ова натпреварување по Симао Мате Жуниор и Реинилдо Мандава. На 10 декември 2024, постигнувајќи погодок во поразот со 2-1 во Белгија од во Лигата на шампионите, Катамо влегол во историјата како првиот мозамбиканец кој постигнал во најсилното европско клупско натпреварување. На 29 декември, го постигнал единствениот гол во натпреварот против Бенфика, добиен од „лавовите“ со 1-0 на Жозе Алваладе. На 3 април 2025, Катамо го постигнал првиот гол за Спортинг во победата со 2-0 над во првиот полуфинален натпревар од Купот на Португалија. Девет дена подоцна, постигнал уште еден многу важен гол вреден победа во натпреварот на гости против (0-1), со кој му помогнал на својот тим да се врати на првото место на табелата во првенството. На крајот од сезоната, Катамо ја освоил двојната круна во Португалија со Спортинг, откако „лавовите“ триумфирале во првенството со два бода предност пред Бенфика, а истиот противник го совладале и во финалето на Купот на Португалија. Тој ја завршил сезоната со вкупно 48 настапи и 7 гола во сите натпреварувања.

Пред почетокот на сезоната 2025-2026, Катамо го променил бројот на дресот, земајќи го тој со број 10, последно носен од Маркус Едвардс. На 22 октомври 2025, за време на неговиот јубилејен 100-ти настап во дресот на Спортинг, Катамо го постигнал својот втор гол во кариерата во Лигата на шампионите, во победата со 2-1 на домашен терен над .

Репрезентативна кариера Катамо го претставувал Мозамбик во две младински селекции, под 17 и под 20 години.

За сениорската репрезентација дебитирал во победата со 2-0 над Маврициус на 10 септември 2019 година, постигнувајќи гол на своето деби.

Во декември 2023 година, Катамо бил избран во составот на репрезентацијата за Африканскиот куп на нации 2023. Во последниот натпревар од групата против , при резултат 2-0 за противниците Катамо постигнал гол од пенал за да намали на 2-1, а неколку минути подоцна неговиот соиграч Реинилдо Мандава изедначил на 2-2, што бил и конечниот резултат на натпреварот. Сепак, и покрај напорите Мозамбик го завршил своето учество на турнирот веќе по групната фаза со освојување на последното место во групата со два освоени бода, колку што имала и Гана која имала и подобра гол-разлика.

Во декември 2025 година, Катамо повторно бил повикан од селекторот Чиквињо Конде за Африканскиот куп на нации 2025 во Мароко, неговиот втор континентален турнир во кариерата. На 28 декември 2025, во нивниот втор натпревар од групата, против Габон во Агадир, тој постигнал гол од пенал придонесувајќи за победата на Мозамбик од 3–2, првата победа на земјата во историјата на натпреварувањето. Три дена подоцна, во последниот натпревар од групата против Камерун, тој ја затресол противничката мрежа доведувајќи ги мозамбиканците во водство иако на крајот биле поразени со 1-2. Турнирот за „мамбите“ завршил по следниот натпревар, кога биле поразени со 4-0 од Нигерија во осминафиналето.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 4 јануари 2026. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 Амора КамП 4 1 КП 0 0 - - - - - - 4 1 2020-2021 Спортинг Лисабон Б КамП 17 0 - - - - - - - - - 17 0 2021-јан. 2022 Л3 13 2 - - - - - - - - - 13 2Вкупно Спортинг Лисабон Б 30 2 - - - - - - 30 2 2021-јан. 2022 Спортинг Лисабон ПЛ 1 0 КП+ЛКП 0+0 0 ЛШ 0 0 СП 0 0 1 0 јан. - јун. 2022 Виторија Гимараеш ПЛ 10 0 - - - - - - - - - 10 0 2022-2023 Маритимо ПЛ 9+2 1 КП+ЛКП 0+0 0+0 - - - - - - 11 1 2023-2024 Спортинг Лисабон ПЛ 27 5 КП+ЛКП 6+1 1+0 ЛЕ 7 0 - - - 41 6 2024-2025 ПЛ 30 5 КП+ЛКП 6+3 1+0 ЛШ 8 1 СП 1 0 48 7 2025-2026 ПЛ 12 2 КП+ЛКП 2+0 0+0 ЛШ 5 1 СП 1 0 20 3Вкупно Спортинг Лисабон 70 12 18 2 20 2 2 0 110 16Вкупно во кариерата 125 16 18 2 20 2 2 0 165 20

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Мозамбик20193120203020217120224120234220241042025115Вкупно4214

Титули Клупски Спортинг Лисабон Примеира лига : 2 2023-2024, 2024-2025

Куп на Португалија : 1 2024-2025

Наводи

Надворешни врски

Жени Катамо на soccerway Жени Катамо на transfermarkt Жени Катамо на eurosport Жени Катамо на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Мозамбикански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Родени во 2001 година