С’единение () — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината С’единение во Пловдивската Област. Има население од околу 5.621 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Градот се наоѓа во Горнотракиската Низина, 27 километри северозападно од регионалниот центар Пловдив и 135 км од главниот град Софија.
Историја Населбата е основана околу 1680 година на местото на постара бугарска населба уништена за време нао османлиското освојуване. Доминантен вид дрво бил брестот, затоа Турците го нарекувале селото Куру ќој — „шумско село“ или поточно Караагач куру ќој „шумско село од брестови“.
Според историските податоци, областа била поволна за одгледување коњи. Овде имало голем чифлик за одгледување коњи за османлиската војска. Со текот на времето, многу од селаните кои работеле на имотот се населиле во неговата област. Така стана најголемата населба во околината и таа била наречена село Гољамо Конаре за да се разликува од останатите пет истоимени села во Филибелиската каза.Община Съединение - история, www.saedinenie.bg
По руско-турската војна од 1878 година, Гољамо Конаре бил вклучен во Источна Румелија. На 5 септември 1885 година на централниот плоштад во Гољамо Конаре било објавено обединувањето на Источна Румелија со Кнежеството Бугарија. Од градот тргнала Гољамоконарската чета на Чардафон Велики, која на 5 срешту 6 септември 1885 година влегла во Пловдив. Учествувала во апсењето на главниот гувернер на Источна Румелија Гаврил Крстевич и во прогласувањето на Соединението.
При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, 1 жител на Гољамо Конаре доброволно се пријавил во Македонско-одринското ополчение.Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 838.
Со Указ бр.828 од септември 1969 година на Президиумот на Народното собрание на Народна Република Бугарија, селото Гољамо Конаре се преименува во С’единение и добило статус на град, а датумот 5 септември бил прогласен за празник на општината.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина С’единение
Категорија:Населени места во областа Пловдив Категорија:Градови во Бугарија