Стари еврејски гробишта ― гробишта во Сараево, Босна и Херцеговина. Се наоѓа на падините на планината Требевиќ, во областа Ковачиќи-Дебело Брдо, во југозападниот дел на градот. Тоа се најголемите еврејски гробишта во Југоисточна Европа, и втор по големина гробен комплекс во Европа по Старите еврејски гробишта во Прага. Бил во употреба приближно четиристотини години од почетокот на 16 или 17 век, но најверојатно од 1630 година до 1966 година.
Историја Гробиштата биле основани од сефардите во 1630 година, во Сараево за време на Отоманското Царство. Исто така, тие биле погребно место за ашкеназите откако тие пристинале во Сараево, во времето на астроунгарската власт во доцниот 19 век. Се состојат од повеќе од 3850 гробници и зафаќа површина од 31160 квадратни метри. Има четири споменици посветени на жртвите на фашизмот: еден сефардски споменик бил дизајниран од Јахиел Финци и подигнат во 1952 година, два ашкеназки, и еден посветен на жртвите од усташките милитанти.
За време на војната во 1990-тите Еврејските гробишта биле на линијата на фронтот за време на Војната во Босна и Херцеговина и биле користени како артилериска позиција од босанските Срби. Така биле сериозно оштетени од куршуми и пукање предизвикан од експлозии. Исто така биле силно минирани, но биле целосно расчистени во 1996 година
Значајни погребувања и споменици Значајни луѓе погребани на гробиштата се рабинот Самуел Барух (прв рабин во Сараево од 1630 до 1650 година; се верува дека неговиот гроб е најстар на гробиштата), Рабин Исак Пардо (рабин од 1781 до 1810 година), рабин Аврахам Абинун (Големиот рабин од 1856 до 1858), Моше бен Рафаел Атијас (1845 – 1916), Лаура Леви Папо ЛаБохорета (писател од почетокот на 20 век) и Исак Самоковлија. Има и четири споменици подигнати на жртвите на фашистичкиот терор, заедно со неколку кенотафи, празни спомен-гробници, со имиња на луѓе кои загинале на други места и чии гробни места се непознати.
Гениза Посебен свод или „гроб“ за оштетените книги познат како гениза, се наоѓа во југоисточниот дел на гробиштата, а првиот погреб бил извршен на 3 јули 1916 година. Претпоставките се дека на втората погребна церемонија биле закопани околу 14 ковчези со свети книги, така што во моментов се врши ексхумација на генизата за да се утврди нејзината содржина.
Ознака за национално и светско наследство Гробиштата се означени како национален споменик на Босна и Херцеговина под името „Еврејски гробишта во Сараево, ансамблот на гробиштата“. Како подготовка за номинација за вклучување на списокот на светско наследство, босанските делегати поднесле документација „Гробен ансамбл – Еврејски гробишта во Сараево“ за пробната листа на УНЕСКО на 3 април 2018 година, под категоријата „Културно“ и критериумите „(ii) ", "(iii)", "(iv)", "(vi)".
Галерија
Поврзано
Историја на Евреите во Босна и Херцеговина Моше бен Рафаел Атијас Исак Самоковлија
Наводи
Категорија:Еврејски гробишта Категорија:Појавено во 1630 година во Европа Категорија:Гробишта создадени во 17 век Категорија:Сефардска култура во Босна и Херцеговина Категорија:Јудеизам во Босна и Херцеговина Категорија:Пробен список за светско наследство за Босна и Херцеговина Категорија:Национални споменици во Босна и Херцеговина Категорија:Гробишта во Сараево