Луго (шпански и ) — покраина во североисточниот дел на автономната заедница Галисија, северозападна Шпанија. Се граничи со покраините Оуренсе, Понтеведра и А Коруња, кнежевството Астурија, Леон и Кантабриското Море (Бискајскиот Залив) на север. Административен центар е истоимениот град Луго.

Во 2022 г. населението броело 323.989 жители од кои една четвртина живеат во главниот град. Градот потекнува од древно келтско време и наречен е по богот Луг (како што е и градот Лион). Подоцна името му е латинизирано во Лукус Августи и станал еден од трите најважни римски центри во Галисија заедно со Бракара Августа (денешна Брага) и Астурика Августа (денешна Асторга). Покраината има 67 општини.

Јазици Највеќето жители го говорат галисискиот јазик како мајчин. Постарите лица знаат само галисиски. Помладите знаат и шпански, но само 10.000 жители ги владеат подеднакво добро.

Население Ова е населението на покраината низ историјата:

Географија

Реки Поважни реки во покраината се Мињо, Сил, Ландро, Оуро и Масмо.

Градови Бр. ГрбГрадНаселение1 36x36п Луго98.0252 20п Монфорте де Лемос19.5463 20п Вивеиро16.2384 20п Вилалба15.4375 20п Сарија13.5086 20п Рибадео9.9837 20п Фос9.9708 20п Бурела9.3819 20п Чантада9.01410 20п Гитирис5.896

Поврзано Список на општини во Галисија

Наводи

Надворешни врски

Службен портал на Луго