Хаен () — покраина во источниот дел на автономната заедница Андалусија, јужна Шпанија. Се граничи со покраините Сиудад Реал, Албасете, Гранада и Кордоба. Главен град е Хаен.

Покраината зафаќа површина од и во 2023 г. имала броело 619.938 жители. Се состои од 97 општини. Највисока точка во покраината е Пико Махина (2.165 м).

Знаменитости Важи за една од помалку познатите покраини во земјата (во споредба со туристичкиот источен брег), но има четири национални паркови и многу други заштитени подрачја. Во неа се наоѓаат ренесансните градови Убеда и Баеса, прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Покраината има највисока концентрација на тврдини на светот вон Левантот благодарение на нејзината стратешка положба за време на реконквистата.

Од 1978 до 2010 г. во градот Линарес се одржувал значаен шаховски турнир на кој учествувале многу светски шахисти.

Стопанство Покраината е најголем производител на маслиново масло во светот. Таа е одговорна за 45 % од сето маслиново масло во Шпанија и 20 % од вкупното светско производство. Поради тоа се нарекува „Светска престолнина на маслиновото масло“. Има преку 66 милиони маслинови дрва распределени на површина од 550.000 хектари. Во покраината Хаен се произведува повеќе масиново масло отколку во цела Италија. Во 2013 г. се произведени 749.387 тони.

мини|центар|исправено=2|Поглед на маслинарник северно од Хаен.

Население Ова е населението на покраината низ годините:

Поврзано Список на општини во Хаен

Наводи

Надворешни врски

Службен портал на покраината Хаен Природен парк „Деспењаперос“ Природен парк „Сиера де Андухар“ Природен парк „Сиера Махина“ Природен парк „Сиерас де Касорла, Сегура и Лас Виљас“ Касорла, Сегура и Лас Виљас