Ното () — полуостров во средишниот дел на јапонскиот остров Хоншу. Се наоѓа во префектурите Ишикава и Тојама. Тоа е најголемиот полуостров на Хоншу во регионот на Јапонското Море. На североисток завршува со носот Роко. Неговите западни и северни брегови се речиси прави, додека источните се силно расчленети со неколку помали заливи (најголем е Нанао, во кој се наоѓа островот Ното — 46,78 км²), составни делови на големиот Тојамски Залив. Неговата топографија е ридска со максимална висина на планината Ходацу (567 м). Ридските делови се обраснати со листопадни шуми, а речните долини и рамнините се заземени со оризови насади. Населението е главно расположено по брегот, а најголемите населби и пристаништа се градовите Хакуи, Ваџима, Сузу, Ното, Нанао, Хими.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Географија на Јапонија