Дервент (, Дервени) — река во Лагадинско, Егејска Македонија. Ги поврзува Лагадинското и Бешичкото Езеро.
Опис Дервент извира од источниот дел на Лагадинското Езеро, западно од селото Сарај, па тече на исток. Јужно од Сарај ја прва прво големата десна притока Ватилак, а потоа големата лева притока Дерели. Завршува влевајќи се во Бешичкоро Езеро северно од Пазаруда. Потоа реката се рачва на два канала. Северниот (поголем) тече на северозапад низ месностите Аспра Хома и Ѓолбаш, минува јужно од Чали и се влева во Бешичкото Езеро во местнотта Блато (Валтос). Јужниот канал тече на исток и се влева во Бешичкото Езеро во местноста Мало Блато (Микри Валта).
Притоки → лева, ← десна ← Ватилак ← Хора ← Рафтонда → Клефтонери → Дерели (Гурник, Саху) ← Флерија ← Косна (Бојаџи, Менекса) ← Армутли (Крио Неро) → Рема Авгис → Витули ← Арети → Ѓаур Тарла → Асар
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Егејски слив Категорија:Лагадина