Свето Преображение наречена Пијанечка Црква — црква во некогашното село Пијанец, Дебарско. Му припаѓа на Дебарското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Опис Црквата е сместена високо, на околу 1 км северно од градот Дебар. Била гробишен храм на селото Пијанец, напуштено во 1912 г. и претставува единствената преостаната градба од него. Изградена е веројатно во XIX век. Бранислав Русиќ споменува дека до неа има гробишта.
Галерија
Поврзано Дебарско-реканска парохија Дебарско архијерејско намесништво
Наводи
Пијанец Категорија:Урнатини во Македонија