Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Пчиња; скратено: ПООУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Пчиња, претставува единка на училиштето истоименото училиште од градот Куманово.
Училиштето е именувано по истакнатите македонски преродбеници и писатели браќата Миладиновци.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Пчиња, сместено во средишниот дел на селото.
Историја
Во 1895 година е изградена првата училница за воспитување на деца. Во првата година во школото учеле 16-17 ученици. Првиот ученик во основното училиште бил Алексо Ангелов во 1895 година.
Во 1927/28 е изградено училишна зграда во која се учело, истата зграда во 1955/56 е назначена за осумгодишно училиште во селото.
Градба
Објектот е во добра состојба и истиот бил во процес на обнова во 2023 година. Површината на објектот е 239 метри квадратни, има 6 училници.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Куманово Пчиња Категорија:Пчиња (село)