529 Во Цариград бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis) — кодификација на царските закони од II век до тогаш. 1348 Во Прага е основан Карловиот универзитет, прв во Средна Европа. 1795 Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина. 1906 Вулканот Везув го уништил градот Неапол во Италија. 1939 Војската на Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија. 1945 Втора светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“. 1948 Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската здравствена организација. 1953 Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации. 1963 Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименувала во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател. 2005 Пакистан и Индија ја утврдиле граничната линија во областа Кашмир. 2012 Џојс Банда станала првата жена-претседател на Малави.
7 април