Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — нова селска црква во кумановското село Пчиња, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самиот десен брег од реката Пчиња, пред самиот мост во селото, со кој се поврзуваат стариот и новиот дел на селото Пчиња.

Историја

Во 2012 година, црквата се доградувала, кога се работело на покривот, камбанаријата, внатрешниот и надворешниот дел од црквата.

Црквата била осветена во 2016 година од страна на митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф.

Галерија

Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Пчињска парохија

Наводи

Надворешни врски

Пчиња