Алексо Мирчев Деспотов (1835 - 1906) — македонски копаничар, претставник на Дебарската школа.

Животопис Роден е во 1835 г. во селото Осој, Дебарско. Татко му Мирче Деспотов (1802 - 1883) и синовите Нестор Алексиев (1873 - 1969) и Лазар Алексиев исто така биле истакнати копаничари и градители. Работел со татко му, а по неговата смрт во 1883 г. се преселил во Софија со син му Нестор. Основал своја тајфа со која работел во Бугарија, Дебарско, Серско и Романија. Често правел гипсени украси за капители — листови, цветови, птици, животни, ангели, кои потоа ги боел и позлатувал. Негови дела се капителите во „Св. Недела“ во Софија, изработени по Српско-бугарската војна, урнати во атентатот од 1925 г. Заедно со Нестор го изработил иконостасот на црквата „Св. Илија“ во софиско Књажево, кој не се одликува со висок уметнички квалитет, а Нестор сам го направил владичкиот престол.Храмът „Св. пророк Илия“ в Княжево Учествувал со синот Нестор и Филиповци при резбањето на иконостасот на „Св. Троица“ во Лукавица кај Димитровград, Србија.

На крајот од животот се преселил да живее со синовите Нестор и Лазар и ќерката Дева во Крушево.

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски копаничари Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Осој (Дебарско) Категорија:Родени во 1835 година Категорија:Починати во 1906 година