десно|мини|300x300пкс| Гимнастичар на коњ со рачки Коњ со рачки — гимнастичка справа.

Висината на справата е 1 м и 5 см од подлогата. Должината на телото е 1 метар и 60 сантиметри, додека растојанието помеѓу рачките се движи од 40 до 45 сантиметри, во зависност од вежбачот. Вежбите на коњот со рачки мора да се изведуваат бавно, во непрекината низа на кружни и клатилни движења, кружни движења на нозете, ножичести движења и со употреба на сите други делови од справата. Опфатот на движења што телото може да го изведе со крајна точност е составен од кружни елементи вклопени во една целина со сите други елементи и твори елегантен состав. Елементи на сила и издржливост на овој уред се забранети.

Историја Коњот со рачки се развил од вежбите и обуката што ги имале војниците, коњаниците, кога вежбале качување и слегување од коњ. За да не мораат да го прават тоа со живи коњи и да ги изморуваат, направиле дрвени коњи на кои им додавале седла и така вежбале.Историја коња са хватаљкама, Приступљено 9. 4. 2013.

Димензии Димензиите на самата справа се одредени од Меѓународната гимнастичка федерација.

Висина 115 см, вклучувајќи околу 20 см висина подлогата Должина - 160 см Ширина - 35 см Висината на рачките - 12 см Растојание помеѓу рачките од 40 см до 45 см (може да се дотерува).

Наводи

Надворешни врски Правила Опис на фигури Извадок од гимнастички аспекти

Категорија:Гимнастика