мини|Логото на филмот „Остров на кучиња“ „Остров на кучињата“ (јапонски: 犬ヶ島) — цртан филм од 2018 година во режија на Вес Андерсон (Wes Anderson), кој е автор и на сценариото. Раскажувач во филмот е Кортни Б. Венс (Courtney B. Vance), а гласовите ги позајмуваат: Брајан Кренстон (Bryan Cranston), Коју Ранкин (Koyu Rankin), Едвард Нортон (Edward Norton), Лив Шрајбер (Liev Schreiber), Бил Мареј (Bill Murray), Боб Балабан (Bob Balaban), Џеф Голдблум (Jeff Goldblum), Скарлет Јохансон (Scarlett Johansson), Куничи Номура (Kunichi Nomura) и Тилда Свинтон (Tilda Swinton). Филмот добил пофални критики, особено во поглед на анимацијата, сценариото, музиката и црниот хумор. Филмот бил прикажан на отворањето на 68. Берлински филмски фестивал, каде Андерсон ја освоил „Сребрената мечка“ за најдобра режија. Исто така, филмот имал две номинации за наградата „Оскар“: за најдобар анимиран филм и за најдобра музика.Otok pasa, američki film (пристапено на 1.1.2024)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во јапонскиот град Мегасаки чиј градоначалник, Кенџи Кобајаши, ги протерува сите кучиња на Островот на отпадот поради епидемијата на кучешки грип. Внукот на Кобајаши, Атари, тргнува во потрага по своето исчезнато куче Спотс со помош на група кучиња, предводени од кучето-скитник Поглавар...

Наводи

Категорија:Филмови од 2018 година Категорија:Филмови на Вес Андерсон Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на јапонски јазик Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Цртани филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Јапонија Категорија:Филмови за кучиња Категорија:Филмови со Бил Мареј Категорија:Филмови со Лив Шрајбер Категорија:Филмови со Едвард Нортон Категорија:Филмови со Коју Ранкин Категорија:Филмови со Брајан Кренстон Категорија:Филмови со Џеф Голдблум Категорија:Филмови со Боб Балабан Категорија:Филмови со Куничи Номура Категорија:Филмови со Тилда Свинтон Категорија:Филмови со Скарлет Јохансон