1713 Потпишан е Утрешкиот мировен договор како финале на тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од XVIII век.
1919 На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот. 1921 Првиот спортски радиопренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД. 1945 Втора светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд. 1964 Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм.
1991 Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување. 1992 Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20 март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски. 1995 Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација. 11 април