мини|282x282пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Худаверди (турски: Hüdaverdi) — старо скопско маало.

Местоположба Маалото се наоѓало северно од Скопската чаршија и западно од Бит-Пазар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 930 метри североисточно.

Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 35 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи муслимани, со 15 новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 200 жители.

Сегашност Денес голем дел од маалото е под скопската населба Дуќанџик.

Наводи

Категорија:Стари скопски маала