Дервент (, ) — планински превој во Солунско, Егејска Македонија.
Опис Превојот се наоѓа североисточно од Солун, меѓу ниските планини Балџа на северозапад и Хортач на југоисток. Низ него минува магистралниот пат „Егнатија“ од Солунско за Серско.
На превојот е откриена некропола на древномакедонскиот град Лете. На тоа место се најдени вредни археолошки наоди, вклучувајќи ги Дервентскиот папирус и Дервентскиот кратер.
Наводи
Категорија:Планински превои во Егејска Македонија Категорија:Даутбал Категорија:Лагадина