Родна Јанчева (родена 23 јануари1949 година во Велес) македонски писател. Пишува поезија и романи. По професија е специјалист по социјална работа во социјалната заштита.
Биографија Родна Јанчева е родена на 23.01.1949 год. во Велес. Основно образование завршува во ОУ.„Св Кирил и Методиј“ Велес средно образование во Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес. Своето образование го продолжува во Скопје на Филозовскиот факултет на институт за социјална работа и социјална политика. На посдипломски специјализира„социјална држава“ и добивa звање Специјалист по социјална работа во социјалната заштита. Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес.Со поетско творештво се занимава од првите школски години .Застапена е во повеќе антологии на македонскиот, балкански и европски зборници, алманаси, заеднички збирки. Наградувана е на литературни конкурси. Во 2022 год. ја добива литературната награда „Коле Неделковски“. Како поет учествува и на многу поетски манифестации во градот, на Детски Рацинови средби и поетски манифестации во Македонија. Свои песни има објавено и во „Списание Велес“ кое излегува еднаш годишно.
Библиографија Автор е на следниве романиː
„Детето со променет идентитет“-роман (2016) „На брегот на Еуфрат“-роман (2017) „Неспокој“ роман (2018) Романот на меѓународен конкурс награден со сребрена плакета за издадена книга во 2018 год. „Во тишината на немирот“ роман (2019) награден на интернационалната литературна манифестација „Литератопија“ „Непребол“ роман (2022)
Наводи
Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Велес