мини|350x350пкс| Четирикрилна симетрична чинијарка Чинијарка — алатка за дополнително обработување на земјишта со работни тела во вид на вдлабнат диск (чинија) со пречник од 40-70 см. На оската, која има квадратен пресек, наизменично се наредени дискови и чаури, кои го одредуваат растојанието помеѓу плочите, кое е 15-25 см (кај лесните) и до 31,5 см (кај потешките чинијарки). Секоја чинија (диск) има чистач што се користи за отстранување на залепената земја. Чинијарките имаат две или четири крила кои се под агол од 65-70° во однос на насоката на движење. Според начинот на врзување на крилата се разликуваат следните видови чинијарки:

чинијарски со еднократно дејство (ако дисковите на сите крила се насочени на едната страна со нивниот конкавен дел), чинијарки со двократно дејство (ако дисковите на различни крила се насочени на различни страни со нивниот конкавен дел), симетрични и асиметрични.

Чинијарките се погодни за дополнителна обработка веднаш по грубото есенско орање, бидејќи дури и на потешки почви многу енергично ги ситнат преостанатите грутки. Со оглед на тоа што, за разлика од браните и култиваторите, го превртува земјиштето, подобро ги заорува растителните остатоци и внесеното стартно ѓубриво. Многу ретко се користат во пролет бидејќи повлажните подлабоки слоеви ги исфрлаат на површината, а со тоа ја губат насобраната зимска влага. Работната длабочина се прилагодува со дополнителното оптоварување и аголот на крилото (со зголемување на аголот, длабочината е поголема).Грбић, М. (2010): Производња садног материјала – Технологија производње украсних садница. Универзитет у Београду, Београд. 978-86-7299-174-1.Мићић, Ј. & Милинковић, И. (1991): Пољопривредне машине. Универзитет у Београду, Пољопривредни факултет, Београд

Наводи

Категорија:Земјоделски алатки Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ