Огучукву Франк Онјека (роден на 1 јануари 1998 година, во Мајдугури) — нигериски фудбалер, на , на заем од и на нигериската репрезентација.
Биографија Онјека е роден и израснал во Бенин Сити. Неговиот прекар е „Тенкот“.
Клупска кариера Мидтјиланд Онјека ја започнал својата кариера во родната Нигерија. Во јануари 2016 година, тој се преселил од нигерискиот клуб Ебедеи во Мидтјиланд во Данска, каде минал низ младинските селекции за да го направи своето деби за првиот тим на 20 септември 2017 година, во натпревар од Купот на Данска добиен со 7-0 против нисколигашот Греве каде што исто така постигнал гол. Своето деби во Суперлигата на Данска го направил неколку месеци подоцна во натпревар против Хорсенс на 9 февруари 2018 година, и одново постигнал гол за победата со 2-0. Онјека повторно се истакнал во следниот натпревар, на 18 февруари, против лидерот во Суперлигата во тој момент, ФК Копенхаген, каде што играјќи на позицијата десно крило го постигнал својот втор првенствен гол за клубот во победата на Мидтијлианд со 3-1. Последователно, тој бил пофален од главниот тренер Јес Торуп за неговата разноврсност и зрелост. Првата професионална сезона во кариерата ја завршил со вкупно 18 настапи и 5 гола, помагајќи му на клубот да ја освои титулата во данското првенство.
Онјека го направил своето деби во Лигата на шампионите следната сезона, играјќи во квалификацискиот натпревар против Астана на 24 јули 2018 година. Во втората сезона во клубот, тој бил дел од екипата која го освоила Купот на Данска; во финалето против Брондби добиено по изведување пенали, Онјека се појавил во игра од клупата за резерви во 66-тата минута на местото на Евандер.
За време на сезоната 2019-2020, тој се претворил во еден од најважните играчи на Мидтјиланд и неизоставен елемент во средниот ред на клубот, играјќи во 32 од 36-те првенствени натпревари (сите четири кои ги пропуштил биле поради суспензија од жолти или црвен картон) и помагајќи му на својот тим да освои нова титула во данското првенство, трета во историјата на клубот, втора лична за Онјека.
Онјека го напуштил Мидтјиланд во летото 2021 година, после 122 одиграни натпревари и 16 постигнати голови за клубот.
Брентфорд и Аугсбург На 20 јули 2021 година, Онјека потпишал за новопромовираниот клуб во Премиер лигата на Англија, Брентфорд за необјавена сума. Своето деби за пчеличките го направил на 13 август 2021, во изненадувачката победа со 2-0 над Арсенал на Брентфорд Комјунити Стедиум, во натпреварот со кој била отворена сезоната во Премиер лигата 2021-2022. Својот прв гол за клубот го постигнал на 13 април 2024 година, во победата со 2-0 над Шефилд Јунајтед во првенството.
На 30 август 2024, Онјека му се приклучил на германскиот клуб, Аугсбург, на позајмица до крајот на сезоната 2024-2025.
Репрезентативна кариера Своето деби за репрезентацијата на Нигерија го направил на 9 октомври 2020, во поразот со 1-0 од Алжир во пријателски натпревар одигран во Австрија.
Својот прв гол за својата земја го постигнал на 16 октомври 2023, во победата со 3-2 над Мозамбик исто така во пријателски натпревар.
Онјека бил повикан и играл за Нигерија на два купа на Африканските нации во 2021 и во 2023 година.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Статистиката е ажурирана на 28 мај 2023.
Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 ДСЛ 15 4 КД 2 0 ЛЕ 0 0 - - 17 4 2018-2019 ДСЛ 14+7Плејоф 2+2 КД 3 0 ЛШ+ЛЕ 2Во квалификациските кола+3 0 - - 29 4 2019-2020 ДСЛ 24+8 2+1 КД 1 0 ЛЕ 2 1 - - 35 4 2020-2021 ДСЛ 17+10 1+2 КД 4 0 ЛШ 104 во квалификациските кола 1 - - 41 4Вкупно Мидтјиланд 95 14 10 0 17 2 - - 122 16 2021-2022 ПЛ 20 0 ФАКуп+ЛК 0+4 0 - - - - 24 0 2022-2023 ПЛ 21 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - 23 0Вкупно Брентфорд 41 0 6 0 - - - - 47 0Вкупно во кариерата 136 14 16 0 17 2 - - 169 16
Титули Мидтјиланд Данско првенство : 1 2017-2018, 2019-2020
Куп на Данска : 1 2018-2019
Наводи
Надворешни врски
Франк Онјека на soccerway Франк Онјека на transfermerkt Франк Онјека на whoscored Франк Онјека на espn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Нигериски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Брентфорд Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург Категорија:Фудбалери на ФК Ковентри Сити Категорија:Родени во 1998 година