Илија Димовски (10 август 1980, Титов Велес) — македонски политичар.

Младост, образование и рана кариера Тој е роден на 10 август 1980 година во Титов Велес. Неговите родители имаат потекло од село Врбјани, охридско и село Ораов Дол, Азот. Како средношколец бил активен во различни дебатни натпревари. Бил меѓународен тренер за дебати. Како хоби се занимава со историја и планинарење. Дипломирал како правник на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје. Постдипломец на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје.

Политичка кариера Илија Димовски од 2006 година до 2020 бил пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2007 до 2015 година Димовски бил Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2015 година бил координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Како пратеник во Собранието бил член на Национален совет за евроинтеграции, на Совет на Собранискиот канал, како и на неколку комисии. Шеф бил и на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, како и член на неколку пратенички групи за соработка со други парламенти.

Активности во Сообранието

Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, член Законодавно-правна комисија, член Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател Комисија за локална самоуправа, заменик-член Комисија за надворешна политика, заменик член Анкетна комисија за настаните во Собранието на Република Македонија случени на 1 јули 2010 година, член Совет на Собранискиот канал, член Постојано анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Медитеранот, претседател Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Унгарија, член Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, претседател

Наводи

Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Политичари од Велес Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Пратенички состав 2006-2008‎ Категорија:Пратенички состав 2008-2011‎ Категорија:Пратенички состав 2011-2014‎‎ Категорија:Пратенички состав 2016-2020