мини|252x252пкс|Сендвичи Сендвич () — храна направена од една или две кришки леб со еден или повеќе слоеви намирници. Лебот може да се премачка со маст, путер, сенф или нешто друго за да се подобри вкусот и текстурата. Во XXI век, имало значителна расправа за точната определба на сендвичот, а особено дали хот-догот или отворениот сендвич можат да се категоризираат како такви. Во Соединетите Американски Држави, Одделот за земјоделство и Управата за храна и лекови се одговорните агенции. USDA ја користи определбата на „најмалку 35 % приготвено месо и не повеќе од 50 % леб“ за затворени сендвичи и „најмалку 50 % приготвено месо“ за отворени сендвичи. Во Обединетото Кралство, Британското здружение за сендвичи го определува сендвичот како „секаков вид леб со полнеж, обично разладен“.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
The British Sandwich Association
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Британска кујна Категорија:Американска кујна Категорија:Храна