Министерството за одбрана на Македонија — едно од прво втемелените министерства по осамостојувањето во 1991 година и ја презема контролата врз Армијата на Република Македонија во соработка со претседателот на државата. Актуелен министер за одбрана е Владо Мисајловски.
Структура
Управното уредување и процедурите во областа на одбраната во Република Македонија се дефинирани со уставотот, законот за одбрана и со задачите на законодавната и извршната власт. Командувањето во вооружените сили е засновано врз единството во командувањето при употребата на силите и средствата, едностарешинството и обврската за извршување на одлуките и наредбите на претпоставениот.
Меѓукоординација на државните органи Претседателот на Република Македонија е Врховен командант на вооружените сили.
Претседателот ги донесува одбранбениот план и стратегија, одлуките за спроведување на готовноста, ја одобрува организациско-формациската структура на армијата, донесува документи за развој, одлуки за нејзина мобилизација и друго. Претседателот исто така претседава и со Советот за безбедност на Република Македонија. Советот за безбедност ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Република Македонија и дава предлози на Собранието и на Владата.
Собранието на Република Македонија ги надгледува компетенциите на Владата сврзани со одбраната, донесува одлуки за постоење на непосредна закана од војна, прогласува настанување на воена состојба и мир и го донесува воениот буџет. Слични одговорности има и собраниската комисија за одбрана и безбедност.
Владата на Република Македонија ги има надлежностите во врска со донесувањето на предлогот на одбранбениот план, предлогот на буџетот за одбрана и друго.
Министерството за одбрана ја подготвува одбранбената стратегија, ја изработува проценката на можните ризици и закани, одговорно е за одбранбениот систем, обуката и готовноста на вооружените сили, опременоста и развојот, го предлага буџетот за одбрана и друго.
Поврзано Армија на Република Македонија Министер за одбрана на Македонија
Наводи
Надворешни врски Службена страница на Министерството за одбрана на РМ