„Милеровиот крстопат“ (англиски: Miller's Crossing) — филм на браќата Итан и Џоел Коен од 1990 година. Главните улоги ги играат: Габриел Брн (Gabriel Byrne), Марсија Геј Харден (Marcia Gay Harden), Џон Тортуро (John Turturro), Џон Полито (Jon Polito), Алберт Фини (Albert Finney) и Дени Ајело (Danny Aiello). Филмот ја освоил наградата „Феликс“ за најдобро оригинално сценарио, а имал уште седум други номинации.Millerovo raskrižje, američki film (1990.) (пристапено на 2.3.2024)

Содржина Дејствието на филмот се одвива кон крајот на 1920-тите при што се прикажуваат односите меѓу две непријателски злосторнички банди, ирската и италијанската. Двете се добро организирани и се потчинуваат на строгите патријархални правила, а имаат и свои војски. Во нивниот свет нема место за жените, па кога ќе се појави Верна (ја игра Геј Харден), таа наведува еден од криминалците да не ги почитува строгите правила, што води кон дестабилизација на воспоставениот ред и до војна меѓу бандите. За да се врати старата рамнотежа, потребно е да се отстрани причината за проблемите, а тоа е Верна...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1990 година Категорија:Филмови на Браќата Коен Категорија:Филмови со Габриел Брн Категорија:Филмови со Марсија Геј Харден Категорија:Филмови со Џон Тортуро Категорија:Филмови со Џон Полито Категорија:Филмови со Алберт Фини Категорија:Филмови со Дени Ајело Категорија:Филмови со Стив Бушеми Категорија:Филмови со Франсес Мекдорманд Категорија:Филмови со Сем Раими Категорија:Филм ноар