Утрински весник — поранешен македонски дневен весник кој излегувал секој ден освен недела. Првиот број на весникот излегол на 23 јуни 1999 година а негови основачи биле Ерол Ризаов, Бранко Тричковски, Манчо Митевски, Васил Мицковски и Љупчо Поповски. Весникот бил печатен во Скопје, во печатницата „Графички центар“, а бил издаван од страна на ДООЕЛ „Круг“ од Скопје. По основањето во 1999 година, првата поголема реконструкција на весникот е неговата продажба на германската групација ВАЦ и менување на изгледот, технологијата и начинот на издавање на весникот. Новиот дизајн на весникот бил изработен од германскиот дизајнер Даниел Браун. Првичниот слоган на весникот бил „Денот по Утрински се познава“.Осум години со Утрински Последниот број на весникот излегол на 29 април 2017.Мери Јордановска, „Утрински весник и Вест излегоа за последен пат“ (пристапено на 15.6.2017)

Уредништво

Главна редакција

Љупчо Поповски - главен и одговорен уредник Мирче Јовановски - помошник-главен уредник Манчо Митевски - уредник коментатор Ерол Ризаов - уредник коментатор

Менаџмент

Срѓан Керим - генерален директор Горан Гаврилов - генерален директор

Уредници

Гордана Дувњак - вести од политики Нина Нинеска-Фиданоска - вести од економија Катица Чангова - вести од Македонија Димитар Чулев - вести од светот Соња Крамарска - истражувачки дел Тина Иванова - вести од културата Билјана Ангеловска - вести од Скопје Фарко Шакири - вести од спортот Даниела Трпчевска - хроника Катерина Шекеровска - забавен дел Јасмина Павловска - стил Валентина Тодоровска - прилози Борис Блажевски - графика Петар Стојановски - фотографија Софија Чолаковска - Поповска - лекторирање Дарко Цветаноски - итернет издание на Утрински Весник

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на весникот

Категорија:Македонски весници Категорија:Печатени медиуми во Македонија Категорија:Појавено во 1999 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2017 година во Македонија